се (зам.) - себеси (зам.)

Околу нив жабите ја отпочнаа својата немилосрдна хорска изведба, постепена, им се чинеше - невоедначена како нив, иако заслепени, љубопитно свесни за тоа, малку повеќе отколку свиткувањето на малиот прст, допирот на пивските кригли, заедништвото на Мек Кол - усогласувајќи се себеси во ритам секција на виртуозно дуо за кратки воздишки, извици; тој пуфкајќи повремено од цигарата за време на изведбата, капчето за бејзбол потскокнувајќи безгрижно, таа привикувајќи го нестабилното чувство на заштитеност, никогаш до крај прекршен Пасив; сѐ додека најпосле, попуштајќи под налетите на глупавото крекање на жабите, легнаа не допирајќи се.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Биди и Исус, и Алах и Далај. Создади се себеси одново. Прекрсти се.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Туку да го сретам, а? Нешто да го видам очи в очи и да му се поклонам, а? - си кроеше Петре, гледајќи се себеси, горделиво исправен пред затворениот султански шестопрег на поминување, ама и самиот напред, меѓу носачите на царските нишани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мускулите, со кои немаше што да работи, престануваат да му просребруваат, во нив гаснеше онаа маѓија на потребата од напнување, додека стоеше таков, со ноктите вкопани во дланките, со дланките прежилени од своите сопствени нокти и едвај здржувајќи се да не тресне нешто со тупаниците така, за да го здроби со еден замав, едвај задржувајќи се себеси да не истрча низ вратата и да земе да го гази оној снег, да го пробива тој изнаврнат снег, да го изоди сиот сѐ додека здивот не земе да му бие во него како тапан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Феминистичките писателки како Luc Irigaray и Helne Cixous повикуваат на авторизација на автобиографското односно субјективното: „Испишете се себеси. Вашето тело мора да се чуе.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А затоа што се движи и гледа, тоа ги задржува стварите во кругот околу себе. (Merleau-Ponty 1964:162-3) Употребата на сопствените тела од страна на уметниците ја поткопува објективацијата и поттикнува вознемирувачки, често неприфатливи емпатии, а во однос на вреднувањето на уметноста и јавното однесување претставува напад врз поимот на дистанца и објективност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Обрезан, се соочи со природата мајката, морето, Марија младата се возбуди горешто ко огледало блескотна обелискот од искон создаден во него, близнак се преслика бесконечноста о, срцето на немоќта ритамот и смртноста - опсцената, ласцивната обелискот се вивна во интимниот кат, во еонот од похота по постоење со вродена моќ и смисла да биде проблесок на еросот нишан - алхемија трепетно писмо меѓу човекот и космосот веда устремена кон небесната матка за да го одрази идеално недопирливото овоплотувајќи се себеси сѐ она кое не се прикажува но може да се види со голо око створителу Куросе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Награди се себеси за оние избори што водат кон пријателство и задоволство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Изгради кибернетски круг на позитивен фидбек.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)