се (зам.) - некој (зам.)

Брчалото се врати со разочаран израз на лицето и откако повторно се смести во зелениот пластичен стол, со ненавидувачки тон рече: „Тие треба да се некои Скач пипл или Ајруши, тие американцки не знаат. Тие се диферент пипл...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И песните се некои жаловни. Или жаловни се дека ги пеат жални луѓе?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, воведени се некои дополнувања во овој сегмент, како што се оние за времетраењето на стажот: имено, приправничкиот стаж може сразмерно да се продолжи, ако приправникот работи пократко од полното работно време, но најмногу за шест месеци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Овие луѓе не се некои кои било. На нив тоа им е функција.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)