се (зам.) - кој (зам.)

Сети се кој ти ги знаеше шарките на петите, лузните на табаните и глуждовите твои, возбудените удари на срцето твое?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сети се кој си, кој е твојот интерфејс, кои се твоите динамички инпути и аутпути што те одржуваат!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сети се кои се твоите динамички инпути и аутпути!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Слушајќи го нивното кричење, полковниците сѐ уште убаво не истрезнати, започнаа да ги имитираат, да викаат и тие како нив, да им ги поддржуваат гласовите; грабеа со грстите вода, се стркаа еден со друг, силејќи се кој подобро ќе гракне, ќе запрпори како птиците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)