се (зам.) - љуби (гл.)

Но што е тоа, си помислувам, што ги охрабрувало потомствата да се откажуваат од себеси - меѓутоа да се љубат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Иако не можеме без нив. – Повторно со необична леснотија, патникот се истовари од таксито и свиркајќи некоја старинска мелодија („Само еднаш се љуби“!, му текна додека се враќаше во рикверц) се упати кон театарското бифе.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не само во насловниот расказ во кој е можеби, највпечатливо и најзастрашувачки, доловена временската празнина, „црна дупка каде што времето умира“, како и губењето на временските координати на нараторот што, истовремено, значи и губење на неговиот идентитет,туку и во бројни други раскази („Футролата“, „Лекција“, „My private Europe“, „The seeker on the way of sound“, „Фото-финиш“ и др.) филозофските размисли за времето, експлицитно или имплицитно, кореспондираат со специфичниот светоглед на авторот, со неговата потрага по самоосознавање, од една страна, но и со неговата благородна потреба да се спротивстави на ентропијата на животот и неговата тривијалност, од друга страна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Силни- и на ѓаволот опаш му скубеле. Такви биле, братски се љубеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Првиот од тие гласови бил прославен бас, вториот бил само гласче, не и некаков глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Таа го прегрна силно. Се љубеа силно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се љубеа долго и страсно, повторно гледајќи се, повторно љубејќи се, гледајќи се, љубејќи се...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ни пресековте нам од косите, му пресековте и нему, ги врзавте, и со нив ни стркнавте по главите света водица за да се сакаме, да се љубиме.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Те нема, мил мој... ама јас никогаш не сум ти рекла мил мој - немало време да ти речам - воздивна Ѕвезда и стишено си запеја - само темјанушката да ја слуша - Цвеќе се бере - дури е росно... моме се љуби - дури е младо...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ќе се вратиш... и ќе се љубиме, мил мој - еден за друг ќе живееме - во твои очи ќе ја гледам мојата лика - како во огледалце ќе ја гледам - како првпат кога ме виде - со тие очи - милозливи - кротки - светнати...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се љубеле и љубејќи се заспале. Во ранина се разбудиле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во темнината само ние двајца, полека брзаме, се љубиме како никогаш порано, како тука да престанува темнината, а почнува денот.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
4. Заборави дека некогаш сме се разделиле мисли на времињата кога сме се шетале како месечари низ светот на копнежите кога душите сме си ги испраќале видовити над некое непознато море да се љубат ноќе, кога сонот ни гледа во ѕвездите – сите нѐ стрелаа, само вечноста нѐ погоди.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Подзапри: сѐ што е кикот на облаци во буна бродовите, нужно, мора да го чујат. Но, само паднатите нема да изумат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бродари. Полни со празвучна пена се губат. Дува, дува - ој, пронајди плута ли сурат над морската чума. Брановите само диво се љубат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред зората, тешка лунарната круна ќе падне врз трупот на мојата кума.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)