Макар што му го познаваа добро карактерот, тие постојано од секој негов збор се штрекнуваа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој се штрекнува како ловец во опасност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа одеднаш наидува на нешто што се грчи и крие одоздола.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа се штрекнува како ѕверка што ја ловат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
БОГДАН: (пука. Сите се штрекнуват. Пијаниот подрипнуе в кревет).
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Ама, одеднаш се штрекнуваше и застануваше: чекај, ами ако времето не беше стасано? Можеше вратот да си го прекрши.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И на ова место таа се штрекнува од премреноста, ги расклопува рацете од пред лицето и открива многу очи околу себе што се чудат зошто толку долго останала пред Богородица.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Читајте... - Што е? - се штрекнува Коле.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
За сето време додека разговара со неа тој го чувствува Лукова, постојано гледа кон собата каде што остана тој и се штрецнува на секој шум.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Се штрекнувам и од страв така ко зашеметена, ко забудалена ги гледам децата и ги прашувам : - Да не ти е нешто, ги прашувам едно по едно, да не те боли нешто: мешето, главата, устата, устина мои мили!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)