Освен тоа, се дебелеам и стареам. Нерадо се шминкам...
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Никогаш не поднесувал шминка. Никогаш додека беше со Аниса не ја оставаше да се шминка.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Патниците што се качуваа на станицата кога ќе ја видеа низ вратата од купето каде што се шминка, не влегуваа во купето иако имаше слободно место за да не внесат со своето присуство пореметување во интимноста создадена меѓу машко и женско.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога не се шминкаше, од здодевност не знаеше што да прави, та често ги префрлаше нозете една врз друга, ги склучуваше прстите и ги отпушташе, ги вртеше прстените и на едната и на другата рака, ја потчукнуваше со дланките собраната коса и од едната и од другата страна дотерувајќи ја.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Таа рошка низ чантата, вади прибор и се шминка; Богдан ѝ го гледа повремено лицето на стаклото од прозорецот и осеќа во носот силни мириси што се сменуваат или се мешаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ако се од женски пол се шминкаат на несоодветни пригоди како на пример на излет или дневна прошетка во парк. шминкерите ги мешаат работите, затоа што не се сигурни што сакаат и во која група припаѓаат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Бојана беше наведната над големото тркалезно огледало и се шминкаше.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Се разбира, истовремено и се шминкаше.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
А еве зошто се смеев: прво, затоа што воопшто се шминка; второ, затоа што си стави неколку килограми пудра на лицето; и трето, затоа што веруваше во онаа глупост за седум години несреќа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ѝ се изнасмеав на жена ми онаа вечер, кога, додека се шминкаше, огледалцето ѝ падна и се искрши.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)