се (зам.) - шета (гл.)

Со едно чувство на „језа” го фаќам предметот, зашто сигурно немаше да се шетам со предметот во ногавицата и да ги привлекувам сите љубопитни погледи врз себе, кои беа потенцијално урокливи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Додека се шетавме по париските улици, Стојче гласно размислуваше за себе, за бившиот колектив од Скопје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И по тротоарите не може мирно да се шета, зашто секој момент некој ќе ве турне со лактот, некој ќе ве понуди да влезете в кафеана, или пак ви става под носот некаков сувенир, сѐ во стилот на „Пигал“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мускулите се шетаа низ метежот, ја проверуваа робата и другите, испробувајќи челично ледени насмевки, толку изгубени во мускулната суперструктура што нивните црти ја беа изгубиле сета хуманоидност. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 89
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Убавиот Месечко излегуваше од зад ридот и тргнуваше да се шета по небото.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Снежана во сонот слушаше а по лицето ѝ се шеташе чиста, радосна насмевка...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На поплочена плоштатка пред црквата, во камено корито, низ железна шепурка, живо и осамено истураше чешма, а во неограденото и заедничко двориште на црквата и населбата, околу кошарки од врбови прачки, кои беа начепени со лепешки измешани со плева и помеѓу кои се шеташе живина, шумно се роеја улишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Гапка кај него ги чува клучевите од оставите и од подрумите; клучот од големиот сандак, што стои во неговата соба и од средишната остава Иван Иванович го носи со себе и не сака никого да пушта таму.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Гапка, стасита девојка, се шета со свежи коленици и образи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се шеташе по тесното местенце меѓу сламарниците. - Паметиш ли? Им избегав. - Те фатија, - меланхолично шепна Арсо. - Ќе им се извлечам пак!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Излезе на квадратестиот двор. Разбиени по двајца, по тројца, се шетаа и се буткаа затворениците, ги влечкаа нозете одвикнати од одење, спореа, се смееја и се тешеа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А се шеташе низ Скопје како Гестапо - во мантил со актовка, додека беше подвижен и сееше страв.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама ѓавол да ги носи овие со деколтеата до брадавица, како некрунисаната кралица Мадам Помпадур (љубовницата на Луј 16) што по Скопје се шетаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
В постела се шета човекот, под себе си работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ако не ти чини, препомини го, ми велат другачките и пак се смеат, се укаат, една подруга се укаат и гласот им се шета ко ѕвонец низ полето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Чувајте се, да не ви падне сенката во темелот, ни рече, оти ако си ја заѕидат сенката, ќе ти се одземе здравјето, вели, или некоја завист ќе ја ненавиди куќата и жената и цел живот невиден ќе се шеташ, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А нешто како широк оган им ги ламушка вршките и се држи за дрвјата, не се попушта. Се шета по дрвјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некогаш ни се јавува и небаре запален сноп пченица што се шета низ шумата, ама не ја гори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се шетам по Петтата Авенија и наеднаш зградите се уриваат како да се од карти...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Држи гостилница во центарот, па додека се шетавме, ме виде со него.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Порази и победи со години славеле. Се шетале, се мердале, време не губеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Силни- и на ѓаволот опаш му скубеле. Такви биле, братски се љубеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но рече и дека не е во ред така две млади девојки сами без придружба на корзо да се шетаат навечер, па затоа ќе ги отпрати назад.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се будеше, заспиваше со мислите кај него, замислувајки ја утрешната средба, разговорите, погледите, местата кадешто ќе се шетаат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Следниот ден станува најубавиот ден во нивниот живот: прекрасен светол, сончев мајски ден, во кој тие се забавуваат на панаѓурот, се шетаат низ расцутената природа, се смеат, танцуваат, пеат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Секој капиталист се шетал опколен со толпа од лакеи кои...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми се повраќа од изборни кампањи; од билборди и ситилајти, насликани со исфрустрирани копуци, дибеци и жбитаци, што сакаат да станат некој и нешто; од лопови и преваранти што слободно се шетаат по улица; од доктори–митаџии, цајкани со по два мобилни, учители без етика, лидери со мнооооооогу мали јајценца и гоооооолеми бисаги...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
4. Заборави дека некогаш сме се разделиле мисли на времињата кога сме се шетале како месечари низ светот на копнежите кога душите сме си ги испраќале видовити над некое непознато море да се љубат ноќе, кога сонот ни гледа во ѕвездите – сите нѐ стрелаа, само вечноста нѐ погоди.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
(Дури и да сте мислеле дека тоа е музика, признавате дека таа допрела до вас преку ушите а не преку очите, а и тоа дека не сте ја пипкале со рацете ниту сте се шетале по неа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога се шетав по собата со мене се движеше и времето. Кога застанував, застануваше и времето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се наведнал крај една русокоса жена и, заедно со неа, се шета со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Х се шеташе по градските улици со отворен череп.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ги нанижал птиците на еден ремен, ја нарамил пушката како некој арамбаша, па се шета, се шепури, се дуе како набабрено зрно грав! Срамота!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Твоето бившо либе се шета низ мојава куќа како да е негова!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Што ако човекот е само обичен турист пред пензија кој се шета низ Европа со платени дневници без три чисти во главата?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но како што минувало времето тој сѐ помалку пишувал на таблата а сѐ повеќе цупкал и се шетал наваму натаму, пуфкајќи со пурата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Уживаме! Храната е така-така. Болна не сум. Друштвото е супер. Имам доволно пари. Јавете ми се на телефон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Навечер имаше забава. Одиме во градот, се шетаме, дишеме чист воздух.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)