се (зам.) - шегува (гл.)

Бренер не е хулиган, туку трансгресивен уметник со јака личност, исто каков што беше и самиот Малевич во своето време.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Трансгресивен уметник - дали се шегува? Очигледно, не.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пие народот! Пие, не се шегува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пие народот! Пие - не се шегува!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
ништото Зар стигнав До ништото Или Годините Со мене Така Се Шегуваат? ***
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Картер: Ама не се шегуваме! Јенего, на! Кај јатоно бесни страчки!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со едно исто одело одеше - лете, зиме, пролет, есен - сѐ додека не го заменеше со друго.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И кога купуваше штоф за одело секогаш говореше, божем се шегува „за четири сезони“.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жените и децата си заминаа, но мажите останаа да пејат, да се шегуваат и да ги празнат шишињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Освен тоа, не гледаш ли дека се шегував со тебе? Каде ти е чувството за хумор?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рече дека не се шегувал и дека навистина има намера, откако ќе измине тој ден, да му се предаде на Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа (сосема сериозно, оти не разбра дека се шегувам!) рече дека – не.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го прашав дали се шегуваше кога по телефонот ми рече дека сака да се замонаши.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И мене косата ми се крена на главата. На ѓаволот мислеше Филозофот, и не се шегуваше!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира дека се шегувам? Крадец на сопствената радост! Нели, грдо звучи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како ќе се погледнев во огледалото што го немав, да постапев така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знаев што да мислам. Се шегува ли момчево или ја испитува мојата храброст во која ни сам не верував?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неговото молчење нѐ охрабри и ние глупаво се шегувавме со него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
МИЛДРЕД: Немој да се шегуваш со такви работи. [Оди зад софата.] ВЕДА: Мајко, смешка си, стварно си жива смешка. [Се врти кон Милдред, клекнува на софата.] Уште малку, па ќе плетеш алиштенца.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во „Историјата на тајните“, поданиците на Царството се пасивни марионети, и кога се чинат здрави, и кога војуваат, филозофираат или се шегуваат еден со друг.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Се сеќавам дека господ му ја позеде душата. Или ѓаволот - да му ја штави, да скрои опинци за ѓаволчињата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Грешел, страдал, заслужил да се именува праведник. Брадата на попот апостолски му се кадрела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ама јас не се шегувам, слушаш? Се качи тогаш кутриот Јаков на орев да брка верверици. Го вика жена му, тој ѝ се клешти од стеблакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш дошол Онисифор Мечкојад со таква оѕвереност на челуста што дури и дрвјата затрепериле околу него. Смеењето ослабнало, кикотливците молкнале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сакаш ли голтка ракија? Покажал Богоја Гулабарин кон стомната; смекнувал; само понекогаш се шегувал, никогаш не се карал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЛУКОВ: Би сакал да се шегувам. Токму сега разговарав со него.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Не е возможно! Ти се шегуваш!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
РИСТАЌИ: (се шегува). А-ха, ве заплашувам: „Ќе се фрлам низ пенџере! Не давајте ме... држ’-те ме!“
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Додека работеше над тоа, со него се шегуваа ситните шајчина, што требаше да ги дофаќа меѓу своите прсти и да ги наместува онаму, каде што беше потребно да ги закове.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се шегуваш, си рече. Уф, ама врашки се шегуваш. Пукаше од смеа, сето време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дека тоа и го разбудило и дека тоа сега и го води и неговиот поглед во височините. Сега се шегуваше со Сонцето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа му беше единствено, што можеше да го прави, вака залебден и вивнат во плавните далги на своето будење, и тој го правеше тоа: само од себе и само се шегуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Смеата имаше нешто толку топло и скокоткаво во себе, што тој само по малку, кога го сети допирот на јазичето на тоа ѓаволесто срнче на својата дланка, веќе не можеше да издржи да не го погледне и да не му се насмее гласно на тоа ситно, скокоткаво ливотче, со кое можеше и така да се шегува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ма не, се шегувам. - продолжи Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- На глувците не им е потребен развигор, - се шегува Павле.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А, и за нив е далеку - кафе не можат да си пијат заедно, како „два најбоља друга“... како што се шегуваа, кога беа во арните.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Уште две чаши, мис? Вие сте расположена и само се шегувате.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Најпосле: - Како би било... сака еден од нив да се насмевне. - Што како би било? - Да се обидеме со пропаганда. - Се шегуваш!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Сфаќам... Не сакав да те киднапирам Бојана! Александар проба безуспешно да се шегува.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тие очигледно не се шегувале, секој час заплашуваа да се појават, да поскокаат од ѕидот, како тука, на него да беа втиснати нивните неспокојни, болни души.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ѝ рече: „Јано, ти личам ли на дрво?“ „На дрво?“ се зачуди. „Се шегуваш.“ „Не, искрено“, матно бараше. „На дрво - јавор, глог, зеленика.“ „Не ми личиш“, без веселост му призна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ што речеш ил помислиш не стивнува Тук, останува, тлее во вечната правда Не порекнувај оти дур в идни животи ќе страдаш Не се шегувам, не, ова не е никаква парада На хирови и суети, туку уште од доба стара
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Се шегуваш ли? “ праша. „Те мачи ли здодевност?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Не верувам дека не си предизвикувал.“ „Како сакаш, оче Симеоне.“ „Престани да се шегуваш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Талкач – се насмевнува – Не се шегувам, Семи. Мојата цел е патувањето.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Се разбира, Лири се шегува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Знам дека се шегуваш, ќе ѝ речев за да ја приземјам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Знаеш и да се смееш! - се изненадив, но не се шегував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев само зачуден од необичната гримаса што за првпат ја забележав на неговото нездраво лице.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Денес ти ѝ судиш на мојата љубомора ќе извикав изнервиран, а вчера ми приговори дека сум ја посетил распуштеницата Лила, пријателката на Дуња и тоа во ситните часови? Зарем тоа не беше љубомора?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Татко ми раскажуваше дека мене во торба ме носеле кога ја минувале границата. Но не објаснуваше дали се шегува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сепак, постојат некои шанси да се избегне најлошото, се шегуваше Раде со својот пријател Крстиќ, кој беше упатен во тајната на десетото зрно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се шегував“. Човекот зад него ја стави раката на главата на момчето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Додека не ги „фаќа“ лудилото, како што велат луѓето, тие се мирни, лежат под стреите, си подаваат цигара, се шегуваат, намнисуваат, но кога ги „фаќа“... тогаш „занаетчиите“ најмногу лудуваат, стануваат опасни, а оние што навистина се болни, лежат овде-онде, удираат со нозе и раце, копаат со петиците, со нокти си ги раскрвавуваат образите, се превртуваат и пена од устите им тече.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Беше на појадок? Знам, на чорба. Немој да се прејадеш. Се шегував.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Не сте, не сте, се шегував, - помирувачки рече дедо Ангеле, а децата, задоволни, му ја ставија гредата да помине.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Понекои од нас толку многу ги имаат што без престан ги расфрлаат околу себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зборовите се за арч. Само за тоа. Не се шегувам. Постојат такви зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знаев дека тие се шегувале со мене...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Убавице, не се шегуваш? - Никако.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Мамо, пак се шегува со мене!“ цимоли Мими. „Не се шегува, туку ти ја кажува вистината.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Расположена ли си за Донг вечерва?“ ќе те прашав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не можев да кажам дали се шегува или не.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа беше глупа шега и ти се смееше на нејзината повторлива тупост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постојано се шегувавме околу одењето таму.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На излезот ми пружи рака и ми соопшти дека резултатите ќе пристигнат за една недела.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа беше најсреќната седмица во мојот живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, се шегувам јас со неа, - ме смири тој, - името Макаренко не е погрдно, и не е никакво навредливо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Аууу, - си реков, - овој не се шегува! Седнав на скалите пред влезот од зградата и уште не се бев созел, кога еве ти ја Величе, излегува надвор со брат ѝ Мишко.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Се шегува, вујко, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)