— Краста, стрико, краста господ да ви даде и орлови нокти да се чешате и во гробот кај шо ќе легнете!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Одеше до една бука преку потокот и, потонат во снегот до стомакот, го бодеше дрвото со роговите, се чешаше од неговата рапава кора.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Седнаа, или попрво Геро го седна Ванета, на крајната маса од пивницата, којашто летово беше излезена на тротоар, така што минувачите им се чешаа од грбовите одејќи кон главната улица дење и главното корзо навечер.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ане уште се чешаше, како да бараше гниди под местата каде што го јаделе вошки додека од селанец станувал граѓанин преку војничките нуларици и запрашувањата на влакнестите места за да се накалеми од дива во питома (о)вошка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И останатите луди се вознемируваат, некои му се придружуваат на старецот во урлањето кон толпата, други почнуваат да трчаат в место, трети се превртуваат по земјата, некој се смее испуштајќи звук како крескање на птица, некој се чеша од стапалата до главата и назад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Повеќето беа сити. Се местеа околу огнот да заспијат и се менеа при светлоста на запалените трупци и распарчени стебла, беа и луѓе и призраци, стенкаа, се чешаа, ги сврбеше кожата и ги болеа коските под кожата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Раскажуваа дека Неделко Шијак му се пожалил со влажни очи - синовите ќе го остават без каменен крст кога ќе сконча, и зетот му ветил со клетва дека самиот ќе изделка крст поголем и од игуменските во дворот на манастирот Свети Никита, на крстот ископано име со букви - овде лежи божиот човек Неделко Шијак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неколцина се побуниле: малку спиеле, зошто и ноќта да не си поспијат?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се чешале и нерешително станувале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се чешаат и си молчат. Кај што не можат да се досегнат, се чешаат по вратите, на столовите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Овдека, вели Јон, овдека нешто ме јаде, ме гризе, вели, ме тера да се чешам, да се дрпам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
лебот во водата и ќе го вртиме со устата за да можеш да го поттурниш со јазикот и одиме така - клан, клун, клан, клун, и душата си ја стегаме во носот, тука ти се дели од телото, тука ти се враќа назад, оти лепчето ти тежи ко плитар во мевот, а водата шмркни ја и измочај ја, во едно ќоше, наалкавме една цепнатинка во ќошето и - тука за да не смрди многу во вагонот, ама пак остануваше по нешто за да смрди, да те штипе за ноздринки и за очи и така преткаме ко глувци во сламата, се чешаме од болвите, ебати печалбата наша, ми жеже, вели Стеван Докуз, овдека вака, под гушата, и бара вода, ја тркала кофата, клоца низ вагонот, па ќе го удри некого, а ние ќе го фатиме Стевана в гуша, ќе се давиме, ќе го седнуваме,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Цело село се чеша, се дрпа под пазуви, под ракави, ама никој не кажува одошто се дрпа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се чешаат така луѓето, ги полнат ноктите со кал и со кожинки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го врзувам Чако, а тоа само трепка и ме гледа зачудено. Потоа клекнува и со десната нога се чеша зад увото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Здола, на јаслите, се чеша кравата, првка и потклоцнува магарето, како човек да ти чука на врата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Неуморно се чепкам, се чешам каде што не ме чеша. Допирам, поднаместувам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Потоа веќе тие го пуштија фронтот, што се вели, не се бранеа толку многу, како да е нормална работа, бесрамно се раслекуваа пред очите на сите деца и долго, до крв се чешаа насекаде по телото.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Од дебелење кожата ѝ напнуваше и добиваше некој јадеж по снагата: се чешаше, се чешаше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Место да мирува како другите новаци, тој сѐ некако се врти, се чеша, ги врзува ремењето на опанците или врвците на чорапите, го крева нарочно отпуштениот кондил и сѐ главата ја криви накај клупата во која седи девојчето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Да и а стуткам јас ваа со бабата Бисера, па нека се чеша она до чешање.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нумо повлекува длабоко, го испушта чадот низ нос, се чеша зад уво и, загледан некаде далеку, продолжува: - Да не должам многу, Пандо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
СЕЛАНЕЦОТ: Токму така.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Сполај на господа што не јадат свинско. (Се чеша по градите.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Шеташе помеѓу масите, си го чепкаше носот и се чешаше меѓу нозете, обидувајќи се да им го згади ручекот на гостите кои му го окупираа тротоарот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Седнавме на рогузината и се чешаме по набивките, по удреното.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се удираме, преку целото лице се удираме и после само се чешаме, се дрпаме по удреното.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се чешам по голото и одам да ја барам Оливера.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме видел да се чешам под мишките и еве го: Ај, глави ме за слуга, вели, да те поштам од вошки, да те чешам од болви.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)