Се лепи, се црта, се печати. Сѐ е насочено кон изненадувањето и снажното доживување кога ќе се прими или отвори пратката. Демократичност Покрај тоа што е сосема посебен уметнички феномен, мејл-артот всушност е и една нова културна политика. 12 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се насмевнуваше како човек што пред секој изгрев пие рицинус; ме удираше со белите прсти по темето и шушкаше низ змејските ноздри: - Со лева не се црта. Тоа е богохулство. Затоа луѓето ти личат на дибеци. Со десна, дибеку, со десна.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Махмуд Дарвиш ќе стапи во редовите на Палестинската ослободителна организација во 70-те години од минатиот век, а ќе ја напушти во 1993-та во знак на протест против спогодбите во Осло, коишто Јасер Арафат ќе ги склучи со израелската држава.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не му беше лесно да го преземе овој пресуден чекор во својот живот, верувајќи дека неговото перо може да биде попрецизно од мечот, со кој се црташе картата на палестинската држава, во забрзаните постапки на Јасер Арафат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако јамката ја стесниме уште малку, ќе дојдеме до композицијата Раце што се цртаат, во која едната рака ја црта другата, и притоа двете формираат двостепена Чудна Јамка.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Пак молчев - како ли се цртаат добри сенки? - ... Како слон без сурла.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
А учителката ќе го земе нејзиното блокче и ќе им го покажува на децата: - Еве, вака се црта маче. Од Милка треба да се учите да цртате.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Беше како куќичките што се цртаат на честитките за Новата година, речиси иста како онаа на честитката, што му ја испрати неодамна неговиот син Јовко од градот, во кој се школуваше во гимназијата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)