се (зам.) - фузионира (гл.)

На 10 јануари 1944 година, Одделот за специјални операции и „Лондонската група“ се фузионирале во Главен штаб на специјалните сили, под чија команда ги изведувале своите воени операции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така, во периодот од јануари до септември 1944 година, тимови што биле составени од еден британски СОЕ војник, еден американски ОСС војник и еден офицер од земјата во која биле испратени, биле упатувани во земјите на окупирана Западна Европа за да ги помогнат движењата на отпорот и да ги координираат заедничките операции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)