А дедот Петко, пак, се утеши со онаа турската „Арам ѓелди —арам ѓитти".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Службата си е служба”, се утеши Пискулиев.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Блажени се оние кои плачат, оти ќе се утешат” Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ние пак, ќе се утешевме со славната сентенца која што често се користи кога некој вечен студент ќе дипломира: Ако е забавено, само нека не е забораено.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Невозможно, рече, тоа нешто друго не е како што треба, се обиде да се утеши.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Небаре сакаа да се утешат со реката што мирно си течеше, како и пред векови, како и по векови.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не помагаа споредби, разни примери, објаснувања, ништо!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тоа беше така и јас не можев никако да се утешам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А, можеби и не ѝ раскажал, можеби навистина чула од... од Пиљарот, на пример? - се утешив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Којзнае кога ќе се појават! - тетка Олга како за миг да заборави за лутината, ги крена рамениците и возбудено затрепка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Добро е што излегов, се утешив.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Меѓутоа, една вечер, снеможена до потиштеност, Марија со тивок глас ја праша жената од соседниот кревет: – Каде сме?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Потоа се утеши со цигари завиткани во весник, што некои од болните ги изработуваа од догорчиња собрани од ѓубрето, зашто нејзината опсесија со пушењето стана толку силна како и првичната опсесија со телефонирањето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Јас, јас... јас од компликации и така наеднаш!“, проговори повторно младичот, „Мене Шулц уште вчера ми вели, вие, ми вели, имате компликации, а јас наутро и умрев. Ах!“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Нема што да се прави, младичу“, милостиво и очигледно радувајќи му се на новиот забележа генералот, „Треба да се утешиме!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)