Невешто пеглал и, кога ја видел, се збркал. Се усрамил, но не престанал.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
— Да не оставаш, Небеска, вели дедо, за едно исто двапати да се усрамиш...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас се усрамив, иако тоа одамна сакав да го чујам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Мајката, оти толку се уплаши јас од неа?" — се прашаше сам и сам си одговараше: „Неоти пак се уплаши, ами може да се усрами?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)