Тој веќе сѐ знаеше. - Се успа, - му рече, - Затоа. Ајде сега. - Каде? - праша Шишман.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Врати се, мора да го разбудиме на време нашето осумнаесетгодишно детенце кое повторно се успа и задоцни на училиште!
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Рано утрото, кога виде дека ги нема зајачињата, лисицата ќе препукнеше од мака дека се успала.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
„Ох, прекрасно се чувствувам. Се срамам што се успав. Даниел не ме разбуди.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дека успивањето не е само причина за фалење и за неконвенционално однесување во социјалната средина, зборува примерот со брилијантниот студент по медицина од Британија кој се успал на испитот по Физиологија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
КЕВА: Па... јас...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Сѐ ќутуци, околу мене, глуви, глупави! Да ме остават да се успијам. да задоцнам!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ми се успале и сѐ некаде настрана ме носат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Низ мојата улица само јас поминувам и само навечер штом се успие тишината она се буди плашлива и измамена, измамена од гласот на далечината.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
2. Долниот свет
Не оти сме слепци
туку од што сме се одвикнале
да гледаме блиску пред себе
невешто се движиме
со стап вперен напред и
пипкаме:
да не би да наидеме на змија, мудро немушта
да не би да најдеме габа, солза радосница
оти со години гледајќи далеку
ни отапеа сетилата
за светот тукашен
па само некоја разорена
и во мислите насетена
ко привидение, стварност
се тетерави без престан
и бдее
од страв да не исчезне
ако се успие!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Жените им рекоа: - Одете вие, Мартин ќе дојде, се успал.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)