Затоа се надеваме дека книгава ќе им даде храброст и потребно знаење на македонските работници на кои им се ускратени или прекршени работничките права – тие да поведат и да победат во институционалната битка за нивна заштита и почитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
ЦР = Централен регистар на РМ cf. = confer (пренесува) С.Ј. = Codex Iustinianus (дел од Јустинијановата кодификација „Corpis Iuris Civilis“ – VI в.) C.Th. = Codex Theodosianus (V в.) D. = Digesta (најобемниот дел на познатата „Јустинијанова кодификација“) Lib. = liber (книга) sq = et sequens (скратено/извадок) vs = versus (против) 318
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
УКИМ = Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ УО = Управен одбор УПОЗ = Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ УРМ = Устав на Република Македонија (Сл. весник на РМ, 52/1991 и Амандманите I-II [1/92], Аман- дман III [31/98], Амандмани IV-XVIII [91/01], Амандман IX [84/03], Амандмани XX-XXX [107/05], Амандман XXXI [3/09]) 317 ФПИОМ = Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ХОВ = Хартии од вредност ЦК = Центар за култура
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Целосно се укинати правата како паричната помош и надоместокот на трошоците за превоз и исхрана за време на стручно оспособување или преквалификација, а статусот невработено лице и правата кои можат да се остваруваат во случај на невработеност им се ускратени на лицата кои го имаат прекинато работниот однос по своја волја и на една цела категорија граѓани – земјоделците, односно вршителите на земјоделска, сточарска или друга дејност, без разлика на нивото на приходи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)