Пак си тераат по свое, си ги негуваат мустачињата, глуви за одговорноста пред идните поколенија, тие та дури и умираат колку да се умре.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Не знам како е поарно да се умре: Намерно како јунак или ненамерно, како згазена бубачка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Што ако цела сала ќе ги наврти кон нив прекорните погледни, толку да им чини на самобендисаните.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
При ваква убавина, си велев, греовно е да се умре.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Откако ќе престане, меѓу две пиења:) Уште утре ќе заминам некаде далеку, далеку... Ех, кога би можело да се умре.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Бабо, - ја прашав додека ручавме, - може ли од голема нервоза да се умре?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)