Си легнаа сите, се угасна борината, дедовците заспаа и почнаа да ’рчат крај него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Светилката се угасна. На Ѓ му стана непријатно.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Канделабрите се угаснаа. Полноќ. Миг кога нараснуваат желби, копнежи, мечти. Пак се запалија. Нова година!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ја турна од себе, таа падна назад, а борината ѝ отскочи настрана и не се угасна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ќе се разневиди племето наше, ќе се угасне, ќе се сотре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)