Арсо се убедуваше веќе дека помеѓу нив се стопува различноста и нивните преживувања се еднакви.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Како самата да се убедуваше во она што го тврдеше. Ѝ го реков тоа.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Останував изолирано заштитена од психологии на мислења и живеења, кои се наметнуваа заедно со физиката – секогаш жедна одново и одново да се убедува во закони, низ слободни паѓања во математички насочената паралелка.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Татко ми добро знаеше, а мајка ми во тоа не требаше да се убедува, дека за нашето физичко зацврстување на нашето тело, за правилно чекорење и исправен од во животот ни е неопходно само млекото, млекото, млекото... ***
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се убедувам дека истекла во црвената боја на фломастерот.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Но таа немаше намера да се убедува себеси дека Круме Волнаровски сега така размислува.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)