Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сите луѓе ѝ изгледаа добри. Ѝ се смееше. Ѝ се играше. Ѝ се трчаше...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Да не те брка агентот? - Не, задувано одговорив. - Така ми се трча и трчам.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Многу се таквите што сакат да седат во публика, да грицкаат семки и да чекаат голови. А треба да се трча. Да се трча!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тука се тагува, се жали, се трча зад камионите двапати дневно, се плаче, а ако некој рече нешто што не чини, а никој денес не знае што чини и што не чини, тогаш на огласна табла како што го направиле редот: контра, луд, арамија, плашливец, неранимајко...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со него учеа заедно основно српско училиште, бугарска прогимназија во војната, а по ослободувањето тој се изгуби во некое средно - техничко или стручно - занаетчиско училиште, додека повеќе не го делеа мегданот на граничната полјанка меѓу двете маала, зашто и така веќе не се играше со парталава топка ами со напумпан фудбал и не се трчаше по ретката трева бос ами со износени кондури од постарите, кое браќа, кое татковци, кое заробеници кое борци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Воопшто не беше лесно да се трча низ угорница, низ густите гранки, да го види бикот, освен тоа што можеше да го наслуша неговото рикање, во не многу кратката далечина; Останатата контрола над бикот, беше, скоро невозможна.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Од неговата желност да се трча по сѐ што лета, што бега, што тече и што не може да се задржи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сакаме и да трчаме, ама не се трча: магарето тргна назад, кравата се брани од муви или се обѕрнува по телето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)