се (зам.) - трешти (гл.)

Се трештам јас, а после си велам, море гледај си работа Методија, имаш работа да сработиш, а не коски да гледаш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ги гледам обајцата и се трештам: како да си помогнам, кој да ме научи нешто?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зедов со секирата, потчепнувам овде-онде, буричкам по изрованата земја. Се вртам, се трештам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)