Се точат срповите, се прават нови витли, опинци; се стегаат и Сукаловци и меѓу првите излегоа — „сосем дом, сосем чад“ — што велеше дедот поп Трајко кога креваше панаѓии.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но Толе позадоцне и ги доведе луѓето дури утредента, по Илинден, та нападот се одреди дури другиот ден.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Народот се точеше надвор од селото под разни изговори — оди на работа — жетва, вршење бачило.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дури во Букурешт, на самото сајмиште, од големи буриња се точеше шира, а со неа, како романски специјалитет, во дрвени паници, заедно со мамалигата, се служи и печена пастрма...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ако ви се случи во подоцнежните ноќни часови да минете, се разбира, со кола, по убавата магистрала на Босфорската ривиера, тогаш гостољубивите ресторатери и хотелиери ве тргаат од колата и ве вовлекуваат во локалите или пак она што ќе го побарате ви го носат во колата, па и топлиот салеп, посипан со иситнент дарчин, кој овде насекаде се точи и пие.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Езерото се бранува во сини и црни маси со бели шамичиња од пена. По него се точи снопот на зајдисонцето со запалени класје.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Додека дедо му седеше насапунет на столчето и се подгледнуваше нагоре кон големата слика на Тито во маршалска униформа над потпукнатото огледало, со помалата слика на синот на Ружди во униформа на ЈНА во едно ќоше, бричот се точеше од каишот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ми жубори вода од некаде, се цедат скршени лубеници и портокали, се точат ладни бози и газози.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Влегуваат во кафеаната на Јандро, ги запоседнуваат сите маси и столови, се точи, се пие, нарачува Лоте за секого, клокоти и одѕвива кафеаната од песни, од свирки, напнува од викот просторот внатре и, се чини, секој миг ќе пукне како меур; им наздравува Лоте на сите, му наздравуваат тие нему; станува, и мавта со рацете на музиката, и дава знак кај треба посилно, а кај треба потивко да свири, го следат свирачите под такт, го следат луѓето: му се пулат в очи, в уста и ги сливаат гласовите како речни брзаци во една заеничка утока, во една единствена мелодија што се шири полека, плавно.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тоа беа офанзиви над народната војска, над жени и деца, над старци, над куќи и кошари, над добиток, офанзиви над момински и невестински ковчези. Заедно со војската која што отстапуеше од селата во планините бранејќи ја секоја попалена куќа и плевна - се точеа колони од испиени, но непокорни лица.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)