Знаеше дека никој не е готов за решителниот чекор, зашто сите беа зависни и маѓепсани од козите, како што можеше да се теши...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се тешев малце со тоа што Гица носи опинчиња, малечки, подвиткани на врвот, и што можеби не се разбира многу во чевлите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
— Море какво ти давање, побратиме, зар не знајш. Ошче и борчлиа го вадат секој умрен, та ѓоамите борчот му го прошчаваат и со тоа децата се тешат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ја чистам, по малку ја окопувам. Не оди без офкање – се тешам дека е добро за линијата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Ако таа крава се омажила, тогаш има шанси и за нас“, се тешеа две девојки кои минуваа крај нив, со сосема пристоен изглед, но со оној едвај забележлив став на лажна надменост, карактеристичен за повеќето немажени а ’еманципирани’, на прагот на средовечноста.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Те фатиле затоа што си се уплашил. Откако те нагмечиле в затвор почнуваш да се лажеш себеси и да се тешиш слободен сум јас, мили луѓе.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Излезе на квадратестиот двор. Разбиени по двајца, по тројца, се шетаа и се буткаа затворениците, ги влечкаа нозете одвикнати од одење, спореа, се смееја и се тешеа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нагаѓаат така жените, нагаѓам и јас, се лажеме меѓу себе, се тешиме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Лажно се тешев. Времето минуваше во ново одложување, пред новите дипломатски настани!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се тешев со семожни аргументи кои припаѓаа на други времиња и контексти, но не може да се сметаат како дипломатски парадигми!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Па туку се тешеше:
„Утре е нов ден, нова нафака.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Симон најпосле останал во Долнец сам. И веројатно се тешел со фактот што се сметал себеси за чист, морално чист.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Патема собраа со себе што најдоа: луѓе, стока, и за инает ги запалија сите посеви кои веќе чекаа срп и им нанесоа големи штети на селаните. – Море кој ги гледа штетите кога останаа главите – се тешеа селаните и еден по еден се прибираа по селата за да почнат нов живот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Почна да се теши: – Ќе плачат, ќе плачат, ќе му преплачат како да ме изела мечката!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во моменти се тешеа, белким тој нема да ја земе толку сериозно нивната буна, како татко му.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
— Абре, ќе го земиш, токо земи го неоти парите су и дал за него — се теши Ричко: — Донесе попот петшестотини, па да ти оддела едно и тебе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јошето порасна момче, и Ѓуро се тешеше оти ќе види одмена.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога го тераше Митра Илка да се жени, таа ја предвидуваше оваа беља, ама еднаш си велеше: „ќе му даде господ деца", а деведесетидеветпати се тешеше, оти е веќе попрекршен од годините, та белким не ќе кукне некој помлад.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За тоа ќе има време, се тешев, но тоа време неповратно го загубив…
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Јас е јазик
јаз'к да ми е ако не кажам
што гледам што слушам
ако не кажам што правам
што направиле од мене
што насетувам што насетиле
и без мене и по мене
за да има сеќавање јазикот
ако не кажам
кој се огрешил
во име на народот, во име на Бога
со предумисла со завист
од зловолја во злодоба
кој понижувал, истребувал, казнувал
жива сода прскал со жив збор
во очите на бедните и блудните
крстените и недоречените
слобода кој презирал не давал одземал
кој се повлекувал предоцна и без крепост
кој се тешел, кој се правдал
ако зло правел
- зло не кажал
јавно!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но сега, тазе бистроок, расеано застанувам на балконската врата и безволно си се тешам што темнината сепак не била бескрајна.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Од друга страна, се тешеше, можеби само така му се чини.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ќе ме поздрават првин Албанците од ќелијата, па ќе се јави Михајло Горачинов. ,Пилето ми пее, рано на сабајле", се тешиме, се крепиме. ,Па и робовите се казнети да го сакаат животот, исто како и нивните господари," рече еднаш Апостол Макаровски. 34.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Секогаш искрени, си раскажувавме за животот и се тешевме кога ни беше најтешко.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Барем не ми ги гледа солзите, се тешев.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)