Толе ја запали и оваа Етимова кула и собра што можеше да се тера нагоре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И последните бугарски војски се источкаа преку Витолишча и собраа со себе сѐ што најдоа; ограбија што можеа да носат; собраа стока што можеше да се тера и ја поминаа Црна за да дадат отпор некаде по дренската планина и Бабуна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И се тераат денови, недели, месеци. А може се тераат векови, кој знае.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Оди до крај, се тера. И... ги испружува рацете: - Мојата крв ја претпочита вашата мудрост.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Зошто мора пепелникот да се празни на ѓубре кога може и вака. (Со раката го грабнува полниот пепелник. Го превртува врз масата.) Мора да се тера внатрешната слобода. (Пауза)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)