се (зам.) - тегне (гл.)

— Не бери ти гајле. Толевата кожа не се продава евтино. Само ти да не се тегниш, да не се плашиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одеа полека кон селото. Коњите разнемоштени, едно од тешкиот товар, што дотогаш го тегнеа, друго од разделбата и немоќта што не можеа да му помогнат на својот стопан, со вина во погледот врискаа... час подигајќи ги предните нозе, час се тегнеа наназад вклопувајќи ги задните нозе вземја, со високо кренат опаш ја покажуваа својата лутина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сенките тогаш безволно се влечеа по луѓето, се тегнеа или се грчеа на калдрмата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, што е, тука е. Тука е. Ќе се тегне, ќе се дотегне како што напишал Севишниот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ноќта врвеше натаму, а јас седнат на масата зад машината за пишување, сеќавав како само нејасни мисли ми врват низ главата, како парки магла кои се тегнат по долината над малото езеро под Лерна и потоа исчезнуваат, и на нивно место доаѓаат нови, сѐ додека дувне ветрот и не ги истера од грлото на котлината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се тегнеше, ги полнеше градите со свежина и ги згрташе со својот широк поглед чукарите, буките, ливадите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И, половина будни, се тегнат, се проѕеваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така, така, до пет часот изутрина. Иследниците веќе почнуваат да се тегнат, да се проѕеваат и по тоа знам дека почнува да се разденува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)