По тој настан, натопен со крв и џагор на колеж, никој не се стутулил под јакуцка, малодушнички да се враќа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се чекорело тетераво, никој не седел на двоколка, дури ни чкрботливиот Симон Наконтик - Господи севишен, повторувал, зошто не останав дома и не си го чекав на ониште судниот ден како што им доликува на причестените старци? - а Арсо Арнаутче, со секакви шамии врз окото преку кое минал турски јатаган, се потпирал со рака врз ѕидот на двоколката и само со една голема и засолзена црнка гледал во призрачноста на случките што останале на патот, најмногу во последниот настан во кој загинал од две стрелби пркосниот Борис Калпак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)