се (зам.) - стрча (гл.)

Но ед­наш, кога Чанга мина крај нашата куќа со стадото, нашата Сталинка оддалеку ги насети козите и прчовите, па се стрча кон нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние децата, гледајќи ја Сталинка под телото на големиот прч бевме готови да се расплачеме, да се стрчаме и ја ослободиме, да ја спасиме нашата Сталинка, вклештена во прегратката на прчот. Но Чанга нѐ спречи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се стрчавме надолу сопинајќи се и паѓајќи одненадеш во грмчињата покриени со снег.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Влатко се стрча по мене.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Еј, другар, да го викаме Црни!“ рече Дејко. „Важи“, реков, „Црни - а може и Мурџо. Може да има и две имиња: Црни-Мурџо или Мурџо-Црни.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го земав клучот од визбата, и чантата ја земав за на училиште, повтор да не се качувам нагоре и се стрчавме наудолу.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го затворивме црното кутре во нашата визба и се стрчавме накај училиштето.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со блеење, една преку друга, тие се стрчаа кон потокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Елена префрли преку рамо шарено пешкирче и потскокнувајќи си, се стрча кон поточето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Крајот на борбата беше јасен и на Бојана, срцето му се цепеше, но не се решаваше да се стрча удолу, да им помогне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан го грабна стомнето што го беше донел од колибата, а Денко ги зеде двата термоса што археолозите секогаш ги носеа со себе, па се стрчаа по патеката што се спушташе кон стубелот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овците, блеејќи, туркајќи се, се стрчаа кон поилото, подивени, обневидени од долгата жед.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа стави уште едно в џеб, се симна низ скалите и се стрча кон потокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Меѓу овците се стрчаа и две-три јагниња, многу малечки и нежни.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штом ја видоа светлината, кучињата се стрчаа кон него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа се стрча долу во градинката да ги собере пердувките од врапчето и да ѝ ги покаже на сестра си кога ќе се врати од училиште.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А таа, сосема опиена, развеселена, фрли по мене со тетратката и повеќе формално, за одбрана на некаква апстрактна чест (ме загрижи тоа кај Луција: поимот на апстрактната чест), рече: „Свињо безобразна“, и се стрча по мене, а јас бегав; во таа наша игра веќе немаше ништо сериозно, ништо од пред малку, оти кружокот беше завршен, а чудото почнато.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѕирна во кујната. Празно. Се стрча во подрумот. Заклучан.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Се стрчавме кон морето и веќе пливавме, меко собирајќи ги и издолжувајќи запоставените клетки на нашите тела.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И одеднаш се стрчав побрзо за да стигнам дома...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Избезумена, не чувствувајќи ги ударите на секакви работи што паѓаа врз мене, се стрчав назад во станот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се стрча бикот кон светлината што доаѓаше од најширокиот џам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не. Не се стрча Сане Сандин, туку подлетна, со леснина се поткрена над патот и зачекори во воздухот. Почна бргу да се оддалечува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оживеаниот Сане Сандин се сврте уште еднаш околу себе и се стрча по Клисура.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога дојдоа до улицата, застанаа, погледнаа налево и надесно и бидејќи не се гледаше ниту еден автомобил, велосипед или некоја кола, се стрчаа на другата страна.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Па... да и го дадеме!“ - се сложија децата, а таа со врапчето в рака се стрча - плашејќи да не ѝ го земат.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ја зеде црвената вртешка и се стрча.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Свирежот на возот одекнуваше, низ карпестите предели, Со забрзан чекор избезумено се стрча!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Лесно се стрча по втората тура, а моите деца му се сипаа на бебето и го заиграа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тогаш едно момче се стрча да го допре неговото оружје.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе свршиме со една меѓа и ќе се стрчаме кон друга. И ораме со мотиките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некого ќе го касне оса и тој ќе се стрча кон реката да се трие со песок, со белутрак.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ревејќи со волчи гласови, гардистите ги кренаа веслата, а Пишпирик и Барбут- бег се свртеа и се стрчаа кон шумата на четирите годишни времиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дали ми поверуваа или не ме разбраа не знам. Самите завеслаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Проклет да бидам, на знакот од Оливера Срезоска, без збор се стрчаа која пред која, нешто да не закаснат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога влегов во селото ми кажуваат децата: Тасета го утепаа!, и јас набрзина се стрчав накај дома. Куќата ни беше до реката.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На ова Гоше кивна, нешто му се измеша во желудникот, се наведна, се фати за устата со левата рака и, држејќи се со десната рака за газот, блед и разбушавен се стрча кон спачекот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ама Тодора, наместо тоа, ригна да плаче. Се стрчаа сите, да ја галат, да ја тешат, чувај боже на детето во мевот да не му напакости.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Жената моја ја предадов, не ја чував како што треба маж да ја чува, туку се стрчав да се тепам со Турчинот, јас гордиот, а неа со моите три сина, моите бели гулаби, ја оставив во племњата, без заштита и без маж.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По оваа молневито свршена работа, стариот погледна во врзаната Анѓа, го испушти крвавиот јатаган, ги рашири рацете за прегратка и се стрча кон неа, ја прегрна и почна да ја целива по крвавото лице.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздравувајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него. – Готови се кади ефенди, готови! – Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи: – Бравос, бре синко Јунусе, бравос!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако го земав се стрчав тивко во својата соба и почнав да размислувам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Мамо“, викаше, „мамо, на Цацко му падна раката“. Јас и нана ти се стрчавме од кујната.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога ја здогледаа писателката како брза кон училиштето, Томе и Темјана со отворени чадори се стрчаа накај неа: „Мили мои, да не сум доцна?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ја слушна онаа којашто викаше по него - и го препозна гласот: „Ајде, чао! Ќе се слушнеме по домофон. Ама откако ќе прекрши жештината! После шест!“ им викна на другарките, се стрча по него и се втурна во лифтот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Наредив: по неа! Се стрчаа двајца од моите и по половина час ми рапортираат: другар командант ја фативме дезертерката, ама е ранета...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се стрча пред себе со ситен чекор, како да газеше по скршено стакло и го снема во мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се стрчав накај децата и Елена, им свикав брзо да заминеме и без ништо да им објаснувам ги поведов што подалеку од реката, кон Домот на Бегова Чешма.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога нѐ здогледа како задишани, со Бреза в раце, се качуваме по стрмните скали, Тони се исплаши, мислејќи дека нешто сташно се случило. Се стрча по скалите и ја грабна Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Мамо, мамичке! - ѝ се стрча Бреза, - колку долго те чекаме!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Јас сум Ведан, - му одговорив и се стрчав повторно меѓу децата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)