Се стресува, се истрива од колената на Јосифа и тивко квичејќи оди кај оџакот, се испружува покрај огнот, муцката ја положува на предните и загледан од огинот се грее.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Штом ќе ја допреше, таа се стресуваше, се скочануваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јас и самата се стресував кога ќе си замислев што навистина можеше да се случи, ако не се разбудев уште во првиот момент, и ако не се вратев по сестра ми, ако не ја извлечкав од креветчето и не истрчав со неа на улицата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Најпосле избувнува: - Кој е? Гласот не е толку силен, ниту претерано строг, но, сепак, целото одделение се стресува.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
АРСО: Нека си свират, чорбаџи Теодосе. Нема што да криеме: ни пари броиме, ни жена тепаме, веселба правиме, како што е адетот и редот.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Сиот ме направи жива вода! Ракавите ми ги наполни! Да не е и тоа адет, да не е и тоа ред?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: (Сиот се стресува.) Бррр... Оф, оф, оф... (Очите широко му се отвораат. Согледува зад плотовите луѓе од околните лозја, кои сеират, уживајќи, во реткиот призор, некои отворено а некои скриено, меѓу овие Ефка и Стојанка.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Не можам, сум кинисал по работа. (Се стресува.) Уф! Ме покваси!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Е, сега претеравте – згрме страшно со тој нејзин глас од кој, кога е навистина многу лута, коските ми се стресуваат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Престанете и двајцата и кажете ми веќе еднаш што се случило!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И после наеднаш се стресува и запира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се будеше среде ноќ. Се стресуваше во сонот. Лоши соништа не ја оставаа да спие...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И на секое напивање, мајка ѝ на Велика само се стресува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се стресува, срцето му запира гледајќи дека тоа не е Помпеја - туку неговото село.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)