се (зам.) - стори (гл.)

- Деца на гладот од Поволжјето? Алхен се збуни. - Тешко наследство на царскиот режим?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дури на крајот станаа и изустија: Многу добро Симон, господ на помош, многу добро, камо да се стори! И заминаа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така и се стори. Го измерија прво враот со најголемите снопје.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги ширеше рацете и ја должеше шијата говејќи се, како ми се стори, да закукурига.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Предребни биле неговите солзи за да обеспокојат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знам колку време мина кога сонцето блесна од зад облаците ги помести, ги разби маглиштата и талогот на еднообразноста дрворедот се озари доби лик, па одеднаш некои чудни форми почнаа да се об-јавуваат пред моите очи пред зумот, пред заумот. Ми се стори дека од некаде надоаѓа нешто боготворно светлината го овозможува совршенството но треба да го најдеш барај избегни ја судбината на просечниот ум, колатералната штета на непросветленоста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мене ми се стори за најприкладен овој термин едноставно и поради фактот што секое творечко дело општи, комуницира со стотици и илјади безимени адресати на кои им е упатена поетската порака.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И не бери гајле, пак јас ќе те однесам и ќе те донесам и пак човек ќе те сторам; арно беше сега да не го окршиш шишето, ама откога ќе се стори едно лошо, не се враќа лесно.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
19. АКО РЕКОВ ДУПКА НЕ СЕ СТОРИ - од реченото не се создавал поинаков живот.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тоа е ноторна глупост, а исто така е глупа и европската импотенција и немоќ да се стори нешто конструктивно околу тоа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Србин уште една се подсети на целата постапка како тоа треба да се стори.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ми се стори дека чув: - Не ме нацрта.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Толку јасен ми се стори од далечината што и самиот се зачудив како тоа до сега да не се сетам на него.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чуму тоа? Ако решиле дека е потребно да се уништат, Боже мој, нека се стори тоа, и готово.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа можеби и му се сторило - ако игуменијата се насмее, усните ќе ѝ испукаат на сите оние места кај што биле испресечени со танки женски брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ама, пердувче си се сторила, Ѕвездо моја, ќе ми се налути мајка ти, не сум се грижела за тебе, ми рече на заминување дури да се врати да сум ти баба, и мајка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тоа стоеше во погледите на оние двајца такво, што на Змејко еднаш му се стори и дека му се допаѓаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја допрев со прсти болката во слепоочниците и ми се стори дека врвовите на пораснатите нокти ја минуваат коската и растат зад неа криви, непокорни и готови да искинат сѐ што е во мене, и жиличе и мисла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
– „Аман, оче дуовниче, те молам, земи ме и мене со тебе на аџилак, за да се сторам и јас еден аџија, да и да умрам да не жалам“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Општинскиот писар уште ја стружеше виолината. Ми се стори дека тоа свирење не е така лошо како што беше порано.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За првпат тие видоа воз. Кога се зададе локомотивата одоздола, Митра се прицна до Толета, бидејќи ѝ се стори дека река дотечува и ќе ја однесе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само себап да се стори, да не ми страдаат дечињата, кај а намери ѓаволот, в реката да појде и она и он.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Новиот владетел настојуваше да го врати стариот владетел на заслуженото место, ни поназад, ни подалеку од заслугите и вредностите. Но тоа беше тешко да се стори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Животот на Зоки Поки му се стори многу тежок. Посака дури да си оди и дома.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Том, тоа треба да се стори со омраза. Омраза за сѐ од минатото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но кога е веќе обврзан да одговори на едно од најчувствителните прашања – за посебноста на својот творечки опит, мене ми се стори дека е најприродно тоа да се направи посочувајќи на некои од поинтересните теоретски стојалишта за поезијата и посебно назначувајќи ги оние кои му се поблиски, поприемчиви.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се намалував, гаснев - навистина ли ќе се обеси Сандре Самарија на греда? - и сѐ околу мене губеше вистинска големина, можеби и земјата што се плашеше од утрешниот ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Те осветлив и ми се стори како да сум те разгорил за некој што беше присутен во тој мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Барбут- бег знаеше што можеше да се стори со сонцето.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На генералот, којзнае зошто, ваквото обраќање му се сторило фамилијарно. - Па што ви е, милостив господине, и натаму зборуваше отсечно, зар не го знаете редот? каде сте влегле? не знаете како се одвиваат работите?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И еда, одам јас кај Маса Ќулумоска, ѝ кажувам што ми се стори и таа ги зеде плочите, еда, ги запрета во огништето, се усвитија. И после ги крена плочите и зина жената, еда, небаре пештера во устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Токо, тоа се стори шо се стори, гледај ми си и Доцо дечињата и барај ми си капа според ќелавата глава, та не гледај оти векот носиле фесови со пискули или дури и паларии. Тие глави се други глави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како засвири - ех! На мравките им се стори дека со неговата свирка во мравјалникот влезе летото!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Црквата екна, офнаа иконите, се затресе олтарот - така му се стори на попот Ставре кој сега немаше друга моќ во себе освен да се предаде на семоќниот водител негов, оној што го тешеше, ама и го туркаше од немило до недраго, како и сиот негов народ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Море, какви арамии, Трајко, — јас ли на старост ќе и бркам тиа работи! Не ме гледате една вреќа коски су се сторил и ошче се плашите од мене, баму бељата — и се насмеа под мустаќ да не се забележи тревогата во него од вистината што ја погоди овој негов продаден комшија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И работата се стори. Си остана Билјарот без парички!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не знам што точно но има нешто што може да се стори преку реките лесно и непречено да се минува зашто само така, потоа, животот ќе го стори своето, заклучив бидувајќи целиот обземен од сината светлина во која белата ја снема за заборавање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со неа и ветрот стивна. Се стопи. Молк се стори.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми се стори дека во темница останав јас, мрава црна, на црн мрамор, во најцрната ноќ, оти свеќата на отец Стефан Лествичникот светеше со светлина студена, како светилото ноќно на небото: светеше само толку колку да се каже оти не сме слепи, како окото негово помрачено од бело перде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- И, еве, ви ја враќам топката како што ми го вративте и вие мене Роско.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој реши да ја испрати до станицата на подземната железница, но одеднаш тоа одење по неа на студот му се стори бесцелно и неподносливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
– „Тие луѓе се штрковите наши што ни идат овде, браќа, им рекол; тамо во градот кај што бев има два извора: во едниот да се искапеш ќе се сториш штрк, а во другиот да се искапеш, да се сториш човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Му се стори дека `рскавиците на нивните носови ќе ја пробијат танката неотпорна кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
— А, мори златна? Ќе а гушкам шо ќе ми правиш? — и се обрецна тој на месечината и му се стори оти таа ја растегна повеќе, и онака растегнатата, крива уста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пумпаше, се плискаше со водата и ја истриваше кожата, сѐ додека не му се стори дека мирисот на Ребека сосем го снема од него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога дошле близу селото Плетвар, кај дервенот, го видел Силјан полето Прилепско; ги видел Маркови Кули; го видел манастирот Трескавец, и од радост веднаш слегол до едни камење, за тамо да се потури со шишето вода, за човек да се стори и оттука пеш да си оди дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Неколку недели чекаа да дојде некој од властите од Тополчани, од Прилеп, или од Битола и да се заинтересира за бомбата, но кога се пронесоа гласови дека овчарите, а и некои од дечиштата, оделе таму и ја прерипнувале со стап, или без него, се уплашија да не се стори некоја пакост, па ги одредија Крстета Јанчески, кој во Второ бугарско стана кмет на Потковицата, Најда Акиноски и Ѓорета Дамчески, кој од помладите луѓе изби во прв ред, да отидат во Тополчани, а ако не успеат таму во Прилеп, ако не успеат и таму во Битола, и да бараат да дојде некој оттаму и да ја растури бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ЦИГАНИТЕ: А! Пишман! Пишман се стори!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сега, додека стоеше пак на прозорецот, загледан во веќе речиси зарамнетата дира на оние, што заминаа, на Змејко пак му се стори како да го виде тоа зачекорено човече, поклапушено од високата јака на кожниот ќурк и пак ја сети во себе желбата нему дури и да му намавне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јаков чувствуваше дека телото му е топло и од кожата, му се стори, му испарува преостанатиот дел од дивите мириси на Ребека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На враќање, пред да си отидат и Игбал и Мила, ми се стори дека таа мангупски ми намига и тивко, за да не ја чуе тој, ми шепнува: - Ама признај, Бреза, дека ептен ти се допаѓа, признај дека си вљубена во него!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со или без причина ми се стори дека некој друг управува преку чинки со мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од Вепрчани, за да не падне в раце и Стојче, им се придружи на Толета и Андона. Се сторија тројца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Онисифор Проказник гледал зад неа, во древниот ѕид на манастирот. Врз едното око му лежело густо перче коса.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми се стори дека некој демне од него и јас, збирајќи ја главата во раменици, побрзав дома.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ах Боженце, и ти златна Богородице, ви се молам, душата да не ми ја земете дури не се сторам пак човек и тогаш ќе познае татко ми и мајка ми како ќе работам во куќава и како ќе ги слушам“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Димче ги погледна, непознати, и некако сомнителни му се сторија, но не престана да си ги врви опинците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зад мене Неделкојца Сивеска ми се добира со устата до увото и вели: - Вистина, оној пат, го виде Неделка, вели, или така ти се сторило?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа не беше неговиот вистински син Бургиба Јуниор, туку историскиот посинок Зине Абедин Бен Али, којшто го запре таткото на нацијата во имагинарниот дел од патот до конечното место во историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Или така ми се стори?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак ми се стори дека се подбива со првиот ден на мојата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дедо му на Ибраим Ибраим, меѓу своите познат како Кара-Демир, се висхитил од долгоногиот распон, зошто му се сторило дека тој иноверник е готов да загине за султанијата па го стасал и трчал со него барабар, воинствено ревејќи сѐ додека на чекор од нив не бапнала граната.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе работиш, и ќе лусниш! Сака да се измете брлогот, да се испере, да се стори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А може само мене ми се стори дека му побеле косата. 215
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Словени се викале и Србо-Хрватите. Имињата Срби и Хрвати се носеле од малечки јужнословенски групи и биле племенски, а се сториле народни само кога нивните носители, т.е. племињата Срби и Хрвати образувале големи држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Чекаа да заврши ловот, чекаа да го видат пред своите нозе Мечкојадовиот труп или да го продолжат патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овој стратешки пресврт ни се стори побезболен и поекономичен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- „Што се срдиш, мори ќерко, толку, ѝ рекла свекрва ѝ, чунки тогај си дошла од работа, што зијан ти се стори?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Душата би му се сторила парампарче на ибн Пајкота да мислеше на некоја своја корист од оваа работа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Приближало времето пак за кај нас да идат штрковите и тогај веќе Силјан беше се сторил мукает, та беше нашол едно малечко црпче и си го наполнил со од човечката вода и го врзал на гуша кога дошол денот за да кинисаат за кај нас да идат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Токо, ако му е пишано, може и да се стори. Она ми е нешчо и сој, да а обидеме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
СПИРО: Така е, легач. Градината сама се вади; тешката бунарска кофа има крила, сама лета нагоре; дрвата сами се цепат; ѓубрето само се исфрла на буниште...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но на неколцина старци, не толку високи колку суви, Онисифор Проказник им се сторил постар од своето старешинство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбрале меѓу себе со таен јазик на срцето, немо, скоро со вештина на ѕверови и со трепет што минувал од еден на друг: да се истрае, да се стори она за кое сите како еден на поаѓање дале клетва пред Успението Богородично на живописецот Михаило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му се стори необична на Чанга синтагмата „брато-козоубиствена војна”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Му се стори дека извесно време Џулија е премногу мирна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мигум се сторивме сите пред куќи. Ни оживеа прагот на куќата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Врне, се збунил некој. - Да си поседиме суви под двоколкиве, лошо кашлам. Ќе одиме подоцна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тогаш, и секогаш кога повторно ќе отидеа да бараат да дојде некој и да ја растури бомбата, само им ветуваа дека навистина овој пат ќе испратат некого, но во текот на целата таа година никој не се појави.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега му се сторија уште потивки и поосамени: фенерите почнаа да се појавуваат поретко – очигледно, тука веќе не се давало толку масло; се појавија дрвени куќи, тараби; никаде жива душа; светкаше само снегот по улиците и тажно се црнееја заспаните ниски куќарки со навлечени капаци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И возрасните, без оглед на напорите во изминатиот ден, и без оглед на утрешните напори, долго не заспиваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По ова тој многу ослабна и сите ми веле: Милке, момчето поради тебе ваков се стори.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дури, при една неочекувана средба, на Елена ѝ се стори дека Марија сака да ја одмине. Да не се поздрави. На улица. Зарем нешто ѝ се замерила?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Наеднаш, им се сторило, планинските долишта ја притаиле својата бучлива песна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во својата Историја го беше потцртал мислењето дека револуциите не се пресадуваат, а доколку тоа се стори е неизбежен незапирливиот процес на жртвувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м'сне ала" некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Алхен одмавна со рацете: божем, ништо не може да се стори штом е такво наследството.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Небото имаше потопла сина боја од кога било таа година и одеднаш долгата вечер исполнета со врева во Центарот, здодевните, исцрпувачки игри, предавањата, врескавото другарство подмачкано со џин, му се сторија неподносливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа и ми се стори невкусно кога токму овде Катерина избрза три-четири чекори пред мене за да ја изведе онаа заводлива игра со колковите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам тогаш, дали од нишањето, од тресењето на колата се помрднуваше мајка, ама мене ми се стори дека се мачи да се поткрене, да се подисправи, да се обѕрне по нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Американците се сторија три да му судат на хакерот од Лондон Кој еднаш им беше напишал во компјутерскиот систем Дека американската надворешна политика Е слична на државно спонзорираниот тероризам Многу му беа бесни Американците на хакерот од Лондон Оти знаеја дека тој повеќе ги изрезили Од пијаните офицери кои некогаш ќе задоцнеа со симнувањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Ние коалите слатко си се потсмевнувавме Оти на дело се покажа пред очите на цел свет Дека ако сме дембели не сме барем мочковци и серковци И дека тие работи си ги вршиме на раат Откако ќе сониме дека сме качени многу високо на дрвото Или ќе се видиме во огледало со венец на глава А што е најважно кога одиме по нужда Со саати читаме стари весници и секси ревии.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Кога тој одобри, на ибн Тајко в миг му се стори дека го гледа својот погибелен сон: бегот ја дава дозволата, си рече, поради задоволството што ќе го има, раздиплувајќи ја неговата истуткана душа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Којзнае колкаво ќе ѝ се стори кога ќе ги отвори очите, не само што ќе премре од страв туку може и да поболи од уплав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
АРСО: (Го поткрепува.) Не бива!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Јане сфати или барем така му се стори дека го прашува како му и на брзина рече: - Добро, добро, многу добро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш ми се стори дека слободата е најголема во сонот и дека најмногу се исплатува да се бориш за сонот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури да се стори поп, како манастирски слуга поп Петко одвај можеше леб да им донесе на децата. Ама ете, го послужи среќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Фелтфебелот школник, - одговори Рангел. - „Остај, вели, за срам се сторивме“.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сѐ си мислам дека тогаш се стори тоа. Ова со детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ќе настинуваат ниту пак ќе киваат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе даде господ, едно зимо да се сторат дестина двајсет свадби, по една две лирички, ети ти куќа, да а ослепа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така секој ден... здолжен - ама и ноќите без сон - го чекаат разденувањето - надеж - да се стори враќањето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Потоа ми се стори дека се преправа оти не знае за која жена ја прашам и на крајот рече: тука, надолу по улицата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пред да падне со лицето в трева, му се стори дека неочекувано брзо се стемни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во темницата ми се стори ситна и нејака, твоите солзи уште повеќе ги печеа врвовите на моите прсти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не мислеше ништо, не слушаше шум, а земјата под него се лулееше како езерски бранои; му се стори како да се наоѓа на каик, а модрината на топлата летна ноќ му се причини како лесно разбуричкани води на мирното езеро.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И за вистина, синко Силјане, беа се сториле пилци и си пошле в поле да живеат по трњето и катаден еден други да се бараат и да не можат да се најдат и да се видат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Плодовите му се сторија слатки а не кисели, па седеше под нив и ги зобаше како зајак во недоумица на крстосница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Миговите на минувањето крај кучето на мачката ѝ се сторија вечност.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- „Не,“ рече Петрович решително, „ништо не може да се стори. Сосема е лоша работава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со втората измена на ЗРО (2005), од декември 2008, се определи максималниот износ на хранарината и патарината којашто можат да ја добиваат работниците – имено, трошоците за исхрана можат да изнесуваат најмногу до 20% од просечната нето-плата по работник, исплатена во претходната година; а, пак, трошоците за превоз – во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај (чл. 4, ЗИДЗРО/дек.08); 23 стопанството на РМ (10.VII.2009) – туку тоа е оставено да се стори со колективните договори на ниво на дејностите (чл. 17).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Брго-брго, Силјан и тој така се обишол и се сторил штрк и пак човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Ајде, Велико, што се стори, вели Уља. - Ајде, велам, не се забаваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И почна низ плач да му зборува: Пишман се сторив стопати зашто кренав рака на неа за ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го следеле животот околу себе со возбуда испливана од под мразот на зимската притаеност: и најстарите дрвја се подмладуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Значи, за да станеш видовит, кој го раскажува минатото, ја гледа сегашноста и „може“ да ја предвиди иднината, не мора да завршиш студии за историја (дека така одеше дефиницијата за историја - запознај го минатото, за да ја разбереш сегашноста, за да можеш да ја предвидиш иднината), ами само еднаш да паднеш во кома на пократок рок, па кога светлината на крајот на тунелот ќе ти се појави, да се сториш пишман и - оп, рикверц, ама со нов ум, претприемнички подготвен да го спасиш и општеството и човештвото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Му се стори како да го познава местото. Па се разбира!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие брзо и лесно се вратија на својот вообичаен дијалог на интелектуалци во медитативна фаза и чија преокупација, во овие времиња кога радикалните идеи заживуваа и се ширеа по светот како троскот, загрозувајќи го спокојството на целиот свет, расправаа надолго и нашироко за тоа што би можело да се стори кога би се сторило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога тргнав кон влезната врата ми се стори дека го догледав татко ми крај прозорецот и во другиот момент го немаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дали по здивот ме позна, по мирисот на телото што го квачело, а може само така ми се стори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас она кога веќе ништо не може да се стори.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
И така, едни разбеснети Турци, младеж - јас тоа не го одобрувам, ама се сторило - тие разбеснети Турци првин го ставиле на бесилка, а после го фрлиле во распален огин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но, вие сте си тука, внатре, и сѐ што треба да се стори, тоа е да се лежи мирно и да се слуша како завиваат, кога веќе не може да се спие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ми се стори дека животот со далечни звуци е премал дури да се стисне и во дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По околност што некоја година престојувал во Мелбурн, зборуваше по некој збор англиски и му се стори важно со мене да зборува на тој јазик, бидејќи јас сега, поради треската, изгледав бледо и нежно, и уште свежо избричен и облечен во ново, токму како странец во Маказар. „Јес“, повтори тој, „егзектли, точно за гараж!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го затресе трупецот. Му се стори дека нешто внатре клапа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако ви се сторил итрец – барајте го меѓу итрите; ако ви се сторил инаетчија – барајте го меѓу инаетчиите; ако ви се сторил шегаџија – меѓу шегаџиите; ако ви се сторил храбар, палавко или дружељубив – меѓу храбрите, палавите или дружељубивите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тргна полека надолу мислејќи само на работата што требаше да се стори ноќеска и така речиси и не сети кога сурнал в река.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За нив татко ми прикажуваше оти тие биле брат и сестра и ич не живееле како што рекол Господ, та беше ги колнала мајка им и татко им да се сторат пилиња и да одлетаат в поле, та да се бараат и еден други и да не се најдат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тие му го слушале болното завивање и ги гонеле ребрестите ѕевгари, сега дваесет и петмина со еден на носилка од две долги габерови стебла и од черга, сите сенки со душа и со дваесет запреги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И акибет се стори к'смет — („ама не сама", си вели со умот).
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едно затворање во аргачот, запалив оган, се стори жар и по еден жар кладов во дупките од кучешкиот апеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога би можеле некако да запрат деновите, да се сторат векови. Но пустите денови сега излегуваат како ластовици.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се стори како некоја голема порта да му се отвора и тој само треба да влета низ неа, не вјавнат врз некое нејако ждребе, туку разбашкарен во султански шестопрег и околу себе со носачите на почесните нишани, и со сета бројна послуга од собари, амамџии и готвачи, па дури и со хазнадарот кој од кожена торба вади по пет гроша и ги раздава на сиромасите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Циљка со променет глас, во кој се чувствуваше и жал и прекор, ја фати нишката на своето раскажување и на сите им се стори дека во земјанката подувна некаков друг ветар и дека други звукови ја исполнија целата просторија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му се стори таму се застојуваат повеќе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
-И што би можел да ѝ приговориш на мајка ти ако ѝ се посакало да се стори уште со некое живо суштество покрај себеси во својот сиромашен живот и притоа одлучила да не се врзува со никого при остворувањето на оваа намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Царицата и самиот цар се сториле тебдил и еден по други беа ошле кај момчето, та беа му купиле по еден зајак за како од како да му ѝ скусат зајаците, арно ама момчето било итро како некој ѓаол, тики ѝ сетило и царот и царицата, та му зело пари многу и му удрило по еден муур на буто.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зошто, си реков тогаш, не пишувам за самиот живот, за она што го гледам и што го слушам, за она што се случува, па макар некому и да му се стори дека не сум пренел сѐ точно како што се случило.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Леле, леле, јас сирота... прокудена од судбата што ме снајде, згромодиса? - немој, ќерко, немој златна - да оставаш твојта мајка - да се стори кукавица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Нешка уште повеќе се вцрвени, та дури и ушите како пламен ѝ се сторија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Кај си, море мажу, вели Велика, чекутка се сторив од чекање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Него го погоди сарказмот во тонот на партискиот водач, а уште пред тоа, неговата сигурност во висината на планинските врвови му се стори смешна и лекомислена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој имаше обичај да почне одоздола со ред, од Балевото анче и до крај до Петка Спасев да тргне по едно дваесетипет, та до дома ќе му се стореше таман сто драма и доста му беше како на стар човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му се стори како да стапнал во влагата на некаков гроб и не се чувствуваше ни малку подобро затоа што отсекогаш знаеше дека гробот е таму некаде и дека го очекува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што се раѓало и што умирало дрвото на недостапна планина, според однапред предвиден план и неизбежна јасност на строгата природа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Веднаш потоа неколку слични или наполно исти гласови да ја повторат таа самоучка и во тој миг измислена молитва или трепетливо каење пред суровоста на искушенијата - Господи, не заборавај нѐ, - и часкум им се сторило дека врз нив паѓа млака светлост, чудотворен оклоп на нивните верувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
48. КОГА МНОГУ ГРМИ, МАЛКУ ВРНЕ - море, врне и истура страв и трепет, немајќи си заслон да се згрнеш ќе гориш, ќе се сториш прав и пепел... малце и подналути се, но зло да не сториш!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ми се стори дека тој брз здив на некого што не е веќе меѓу нас дојде за да ги отстрани сите сомневања и прашања дали е тоа она: валчестолика и млада со положени раце в скут, на градите, помеѓу два брега на женскост, сребрен крст и цвеќе, најверојатно китка лилави бел алисум; рамениците се паднати, од едното се цеди сончева светлост за да истакне во заднината некакво зимзелено дрво но толку малецко за да може да биде она џуџе на Едвард Жорес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми се стори нешто познато и си тропам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Летнал вамо, летнал тамо, прокљакал и пак се искапал, па се сторил човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Јас пак ја отскривав секоја жена што ќе ми се стореше сомнителна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сето тоа ќе ја раскости ветерницата, фиран ќе се стори.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Неочекувано му се стори тоа, му се јави како нешто сосем неиспитано, - а всушност сето си дојде наполно подготвено од она негово секидневно гледање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сѐ на сѐ ако беше потребно да се стори нешто во врска со моите објаснувања околу спомнатиот културен преглед, можеше да се констатира дека помеѓу испитаникот и службениот орган во текот на распитот е дојдено до недоразбирање кое можело да биде надминато со повнимателен приод кон текстот или преку негово заедничко препрочитување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
АРСО: Теслим, теслим се стори кум Доцко, се предаде!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Погледнав кон џипот; внатре, телото на Фискултурецот го притискаше телото на Луција; таа се бранеше (така барем мислам, но во ништо веќе не сум сигурен); јас зедов еден камен, го фрлив на покривот од џипот, а Фискултурецот се сепна; се сврте нагло кон грмушката, и јас видов дека на главата имаше маска; црна маска, бабарска, со четири дупки, за очите, устата и носот, четири дупки за три сетила; само очите му се гледаа, едното зелено, другото сино, и устата, и носот (дали го видов и тоа, или моите растроени нерви од ракијата и жегата ја произведоа и таа слика?); Викна: „Кој има таму“, а јас фрлив уште еден камен, и отстрана му го погодив фарот, и тој пукна, сол се стори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми се стори дека некоја сенка се префрла од едно место на друго кај задниот агол од куќата, но можно е да беше тоа сенка од гранка на вишната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не го сфаќаше прашањето и гледаше во него со прегрдо лице а тој, директен како и секогаш и сигурен дека може да господари над другите кога и да сака, дообјасни: „За тебе и за него, за вашите врски.“ Му се стори дека ќе заплаче и ја сожали.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На крајот од таа средба пред Кајтл, Јодл и Рајнхард Хајдрих, Фирерот истакнал дека „тамошната голема еврејска заедница, со нејзините различни врски, претставува голем проблем”, по што издал и наредба за непосредно оддалечување на сите Евреи од Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа ја оттргна мислата која му се стори како прокоба.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од тага се смали, поцрне, ко вода испари, прашина се стори. Петре од тој ден збор не проговори.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми се стори уште постар, пожален. Господи, мислев, неговото лице еден ден мајстори ќе го цртаат в црква.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледај го Гелета; расти го да порасне, јунак да се стори; земја и вера да брани, за дедо и татко да си одмазди...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Или, протоколот налагаше обратно, прво заклетва па шамија, не думам, времиња се сторија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не се најде дури ни некој таков, кој, после, ко се дозна за тоа, барем само да речеше дека му се присторило нешто така, како да поминува некој по сокаците, но од што умот му бил зафатен на друга страна, да пази на тоа за кое бил одреден да пази, не се сторил ниет ни да помисли дека некој може, ако не е лично Хаџи Ташку со дружината, да се крене на пат по такво време.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се враќам дома, а Уља, уште од врата ќе ми рече: - Мори, кај си, Велико, што се стори, што направи?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На тоа згора, го послушал царот момчето и напраил три чардаци на едно широко место, та повикал сио град, мало - големо, да гледаат сите коа ќе му 'и дават трите вреќи со лаги момчето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Отшета од кејот на Вардар. Му се стори нечист и запустен.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
КОСТАДИН: Зафире!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И така јас останав сам... Сѐ пустелија ми се стори.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нејзе тоа ѝ се стори страшно духовито и воодушевено го прегрна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како било и што било, што се прават тамошните луѓе штркови, другаш ќе ви кажам, браќа им рекол Силјан, сега згора-згора ќе ви кажам оти и јас се сторив штрк на двапати и едно цело лето сум ви седел овде на нашава куќа и сум патил триста маки; арно ама не верувам да ми верувате оти сум бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Си ги прошетал нивјето негови, си ја прошетал куќата, и најпосле летнал и отишол дури на манастир на Богородица на Трескавец, та застанал на кубето од црквата и многу ѝ се молил на Богородица, за да му поможе да појде на штрков вилает и пак да си дојде и човек да се стори, та три години ќе служел на манастирот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ми се стори претерана и затоа можеби не толку искрена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мора нешто да се стори, за подобрување на состојбите. –упорно сакав да наметнам разговор за иницијативи за промени, но не ми успеваше, секој беше навлезен во својата лична приказна...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- „Можам, Силјане, да ти кажам како се сторило себап за да не ни траат челадта во старо време и да одиме во вашите страни да раѓаме.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Влегол Аџи Кљак-кљак во изворот, се искапал и се сторил штрк.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И самите дуќанџии тоа го знаеја, така му се стори на Петре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Треба нешто да ми се стори ќефот на Петрета Даскалот, зашто по воие извикувања тој ја запеа „Еден билбил што пее во мај месец...“.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На единаесет, го поткажал вујко си на Полицијата на мислите, откако чул еден разговор што му се сторил како престапничка намера.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Мори, оти ваква си се сторила, ми вели Стојна Ресулоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На дедот Ристета му даде половина, се сторија една и пол. На снаа му — бела меџудија. Стана лира и три череци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отаде Голем Град малку се заоблачило и фатило да врне колку да се стори божилак.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Оној веќаваше, оној плачеше, поземајќи ги парите од Башмајсторот, оној дури и му баци рака на Башмајсторот, беше една голема, корава рака, испукана од делкање камен и од варта, сите мислеа дека не можеше да се стори ништо, ни една трошка, поинаку; сите тогаш мислеа дека е сега готово, дека по ова на оној ќе мора да му дојде умот, а Башмајсторот ја тргна својата голема рака, помолче, помолче, а после рече: „Чуј, сине.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Тоа се стори шо се стори, токо давај ум шо да правиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А што знам, можеби од укитот што почна да ни се топи, ми се стори дека плаче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лисјата на големиот орев ситно затреперија од порекот, а меѓу нив една женска глава како да слегуваше пониско и пониско, така што му се стори дека дојде до врвот на оревот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Им се сторило дека и земјата под нив се подмладува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
БОРИС: Се стори. (Си тура себеси.) Тебе Матеја не те нудам, ти си домашен, лесно е со тебе. (Ја крева чаша.) За мир во светот. За американско-советската дружба. За радост и убајна.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На одморите во десет и единаесет пак не може да ја види. Каде се сторило девојчево?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По година- две се сторија триста, потоа петстотини, осумстотини... Приходите се зголемуваа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знаете ли оти од учење, косата ми падна, од толку ука главата шиник ми се стори?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
— Мори ми кој ми е, браче Јоване. Ме излага тој натемаго, та ете се стори резил во векот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па, сепак, во тоа што Јанечските го кажуваа за Бошета и за ајдутинот само донекаде можеше да се верува, само дотолку што навистина Боше нивни беше заминат од Потковицата, што навистина, себап со неговото заминување, Тахир бег Јаузоски се стори со царски коњ, и што навистина едно чупале, дотогаш ни видено ниту чуено, преку ноќ се најде и остана да живее кај Јанчевци и во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дејгиди моме од ЕЛЕМ од мразој ми коса побеле знам сила Бога не моли ѕемнам цел ден по јамболии Ах мори моме од ЕЛЕМ имам проблем преголем в темница книга пишувам пареа од усти издишувам Студ ми влезе во душата камен се стори срцево во зимските дни студени знаеш ти да ме ИЗГОРИШ Зошто ли зошто се продаде в туѓи раце ти отиде и џебови мој ти запусти Џевад за џабе те користи
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Та, ако е касмет и ние да се сториме домаќини, да купиме некое нивче.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Најстина, море, од кога не су а видел Нешка! Их, шо чупенце се стори“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Војна е. А господата избегаа“, рече некој и нему тој глас му се стори непознат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но тука вистински не можеше ништо да се стори.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И тогаш јас ѝ ја пуштив раката одзади, ја запрегнав и се стори што се стори, господи прости ми.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Затоа пак светот женски крај огништето, павта и везден ја разгорува силата на жарот што тлее, оти огинот сам пат си отвора: додека сѐ пепел да се стори, за жената има надеж.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Или така ми се стори од радост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сврте на онаа страна каде што отидоа децата, но кога не ги виде никаде наоколу, рече: - Ама го видов ли јас и она Мартина со нив или така ми се стори!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Луѓето и не го виделе, сѐ уште свртени кон неподвижниот труп преку кој, им се сторило, лазеле танки линии крв и испокинати жили, додека месото под распарталената облека се отвора сама од себе и трепети од допир со студот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред кафеаната Маргер ги видов своите пријатели: Петка, Андона, Васка и Цигнанчето Паљо, толку модри в лице што ми се стори дека се бојадисувале.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За миг ѝ се стори дека се наоѓа над езеро полно со лотоси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако гледаме од национални рамништа, не може баш многу да се стори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овој миг нему му се стори дека наеднаш би можел и да го изрече, сето тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од бина човек се стори свиткан прст.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гледаа во ѕвездите и гласно погаѓаа која чија е, а кога ќе му се стореше на некое за некоја од ѕвездите дека е негова, ја прескокнуваше, зашто постоеше верување дека тој што ќе си а погоди ѕвездата, ќе умре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Негде во длабините на својата душа тој можеше и да се гризе заради тоа, но тука не можеше да се стори ништо за да биде поинаку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го гледам: млад е ко зеленчук, што се вели, и ми се стори нешто познато.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оп, ми прелета пред нос еден галеб кој мигум се стори раскошна галабица. Павташе со крилјата во ритмот на Интернационалата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ѓорче се замисли и долго ги слуша грмежите од бомбите. Му се стори дури дека го гледа и чадот од нив во гората под Добро Поле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Надвор пукаат мразулци: стрмнуваат прузниздолно стрелно и со звук божем се стори со зимата, готово е!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кочо застана на врата. Дека беше внатре темно, човекот, станат веќе да го среќава, му се стори како затворник.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
— Море го направи, Доле, кусур господ да ме направе, токо којзнае шо ќе речат виа орјатки — еснафките; којзнае дали не ќе ми се сторе некој ќодер на чупето, којзнае, само меѓу волку машки магарчиња едно женско дали не ќе ми го напаѓаат?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бевме седум ученици: на прво место Љакето, тој што кркна тресеница од татка си на свети Никола; Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, Ноаче на Дамјана Вржов – се сторија три, па Моне на Тасета Ќутурко- четири, па јас и бате Николче наш (после ќе видите што унер беше со бате Јолета наш) и седма беше Ѕвезда, чупиштето на Павлета Ќорвезирот, како што ја викаа зашто таа само со нас машките се дружеше и наместо да игра со крпчиња и игли, таа барабар со нас делкаше пушки и јатагани.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На неа, повеќето достојни наследници на солунските браќа и продолжувачи и на нивното дело, ќе се стореа ќори пијани. На 25 Мај се будат приквечер.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Бргу ги стори сите работи, што требаше да се сторат пред започнувањето на еден работен ден, а потем влезе како фурија во вратата на просторната работилница, дигајќи виулици пилотина од своите чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Жени, мажи во години, старци, доенчиња Црневица местото се стори. Сѐ наши луѓе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
– „Море колку за нив знаеме оти се сторија од брат и сестра две пилиња, му рекле сите, туку тој век друг бил, кога шетал Господ по земи и светците, да слушале луѓето што зборувале, а пак севишниот век повеќе ѓаволот шета по земјава, да од тоа тебе не те веруваме да си бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Конечно, ѝ го предадоа; таа го отвори, го прочита и се вцрви толку што мислевме дека ќе падне во несвест; се сврте околу, погледна низ целиот клас, и мене ми се стори дека особено долго гледа во мене и Земанек; потем одеднаш побледе, стана, го стутка ливчето под блузата и побара од класниот да излезе надвор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му се стори дека на овој човек му е студено, зашто потреперува и од неговото лице удира нездрава бледнина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога го позна оти е тој, стана сета разбушавена, заплашена и уплакана. , — Шо сторите, бре, јок да се сторите, баби ниедни? — му се врекна на Јована и тргна да излегува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зашто дедо Геро многупати знаеше што треба да се стори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Свртува глава и во тој миг и се стори дека под нечии чекори силно крцка снегот и ѝ се измолкна: - Шшшшој! - ѝ се стори дека на сет глас викна „Стој“.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му го кажувале; каква работа ќе биде таа, луѓе невидени ни чуени да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Му се стори дека Глигор му рече на Долгиот да ја запали свеќата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Првиот го познаа одеднаш, но другиот им се стори нешто сомнителен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Четворица сме, исто колку страните на светот: јас, жена ми, ќерката и синот: играме шах, но не двајца, туку четворица и одеднаш: Четирите страни ги симболизираат играчите на чутуранга, страните на светот, магичниот квадрат, семантиката и семиотиката, а бидејќи и чутуранга има правило, низ некаква стаклена изѕирка на магичниот квадрат она што може да се види се гледа: песочниот часовник и истеченото време и змијата на која ѝ нема спас од границите на квадратот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Но, ваше превосходство, рече Акакиј Акакиевич, трудејќи се да ја собере сета неголема грстка на прибраност, каква што воопшто можеше да се најде кај него и чувствувајќи истовремено дека ужасно се испотил, јас, ваше превосходство, се осмелив да ви додевам поради тоа што секретарите онака... не се сигурен народ...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби е и неможно да се стори нешто околу сето тоа, но начинот на однесување според кој нешто и може да се стори а упорно не се прави е навистина трагикомичен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Жива вода станав... Не знам што ќе се стори со мене...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во мигот кога невестата ќе го пречекори долниот бабар, гатачот го удира со стап и извикува: „Виде јајце в камара, ти се стори пладнина“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нешто морало да се стори: или ќе го пуштат да се бие, малку поднапиен бездруго да гине, или ќе го притегнат и озновски ќе го натераат да ги признае декласираноста, лумпенпролетерскиот анархизам и верската заблуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И Влатко се загледа накај тополите... му се сторија како изморени старици, одвај стоеја така извишени... да можеле би се згутавиле и би чемрееле покрај Маркова Река.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Затоа и предлогот на Пенча ми се стори занимлив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дните од вторникот до петокот ѝ се сторија на Митра три години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Па тоа е прослава“, вели тој. „Дојде водата. Се стори“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пилци да се сторите и од куќава наша да одлетате, да в поле да појдете по трњето да стоите и еден-друзи да се барате, та да не можете никогаш да се најдете.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од она зазбивтано ѕвере сега го делеа смо уште неколку десетини метра, само уште некоку негови скока, и тој сега имаше во своите жили мраз, но знаеше дека беше дојден моментот кога веќе не може да се стори ништо со пукање во тоа распафтано бреме од цврсто врзани мускули, слеано и згрчено во скоковите, што наближуваше кон него како виор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се покајав кога налетав на Арсо Арнаутче. Смерно застана пред мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека копачите мислеа што да се стори со влечењето на земјата горе, човеков им вели: „Кај Гадафи, во Либија, кога копаат бунари, кофата со земја ја влечат со магаре!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Испружени сме еден кон друг - јас на едниот ти на другиот брег на реката Чекајќи ги звуците на армониката се сторивме ѕуница на вљубените.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Му се стори дека го слушна и лаењето на дедо Ивановите кучиња, но не беше убеден во тоа, зашто колибата на старецот беше далеку и само во најмирните, ведри зимски ноќи лаењето на кучињата можеше да се слушне и долу, во Гогов Валог.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Што можело да се стори да останат барем толку колку што се, дрипави, боцкави, суви?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потем уморни од вредната работа, слатко воздивнуваат и легнуваат едното покрај другото како две братчиња, се скокоткаат и се смеат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ненадејно еден глас чудно издупчен од ветар и од уплав, и пак со дива вера во себе, брзо, побрзо отколку што може да се изговори, рекол - Господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Христос Извикал: - СЕ СТОРИ! ОЧЕ, ВО ТВОИТЕ РАЦЕ ГО ПРЕДАВАМ СВОЈОТ ДУХ! - и така, на Крстот распнат умрел...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се стори тоа...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Брзо се стори пишман, вели Блатието било гнездо на ајдути - така ли е ибн Тајко?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
При напуштањето на канцеларијата Грофот стори непоправлив гаф.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Митра веќе виде оти се стори оваа работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За тоа сега кога го виде ѝ се стори дека повторно роди син за кој треба да се грижи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Птица да се сторам... - пишуваа нашите мајки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На Глигор му се стори дека лицето на Арсо мрдна малку налево.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Попишувачот ни се стори некако збунет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Писма и пари да ни праќа и ние да си се сториме луѓе домаќини...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но после многу години на борба со проблемот како точно тоа да се стори, Витгенштајн дошол до заклучокот дека врската меѓу реалниот свет и неговиот израз во јазикот не може да се „искаже“ со јазик: таа може само да се „покаже“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И уште невидени, Вислицени и Брунер му се сторија како двете антички судби.  И види: Две сламени мечиња вредно предат сјаен свилен и кадифен конец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ќе ни дојде времето за одење кај вас, ќе се искапеш и ти и ќе се сториш еден штрк, ќе си земеш едно шише вода од другиот извор и ќе си го обесиш на гуша и кога ќе си одиме дома, ќе се потуриш и еве си пак човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Коа видел царот, на чудо станал како да ѝ натокмит момчето пак зајаците.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Нејсе уште понајнакрај и кого ќе пцујат и против кого ќе се бунтуваат Сите оние кои сркнале од американската мирудија во секоја чорба И го виделе аирот од извозот на слобода и демократија Макар што нивните татковци сѐ уште ги паметат Трумановите јајца во прав А прав и пепел им се стори слободата сосе животниот стандард А децата им се познати по тоа што во својство на стечајни работници
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ми се стори како дете фатено во грев. Ми се нажали.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не можеше ништо да се стори.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Низ отворите меѓу штиците на сточниот вагон, Јаков ѕиркаше кон небото на кое наеднаш му се стори дека го виде Шабтај, кој оттаму му се насмевнуваше како тогаш, на првата вечер од последната Ханука, како да се сите дел од некој голем и непознат празник што се одвива далеку, на небото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Продолжив да ги сечам насреде и ги доисеков; од половина нагоре пропаѓаа додека нозете продолжија да чекорат. Но само така ми се стори.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му се стори како да чу и придушено липтање...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тешка си, а нема кој да те одмени: треба готвение да се направи, да се усучи нешто, да се меси. Да се пригоди, да се стори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Арсо ги брои секундите. Му се стори многу време минало.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А, Параскево, парчиња да се сториш! (По мала пауза.) Ај да си прилегнам малце да си ги одморам коските. (Легнува на миндер.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Му се стори како повторно да го вдишува топлиот, задушлив мирис од визбената кујна, помешан мирис на бубалки, нечисти алишта и одвратен евтин, но сепак заводлив парфем, затоа што ниту една жена во Партијата никогаш не употребуваше парфем, ниту пак можеше да се замисли да употребува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајсторот, заинтересиран и психолошки да го следи партнерот, го забележа веднаш ова и во првиот момент, токму кога ја одби понудата, му се стори дека во таа нестрпливост на противникот се јавува извесен изглед за неговата победа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
липа _ 1) дрво липа, 2) несреќа, зло го најде, човекот. Му се стори липата маѓер — готвач мазгалка — камарче во ѕидот мака — волку мака — сермија макцам — дете малечко, неразвиено уште мал — имот, земја малчок — исто нагалено (диминутив) мандак — пес.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Не е тоа баш така како што ти мислиш, Игбал е поинаков од нашите момчиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Фронтот се сторил зовриена аранија, котел заклокотен, пекол невиден и нечуен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дури и оној што пишман се сторил што влегол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Виде едно безредие на бои и предмети и се зачуди: зошто му се стори далечно, во правечност, едно мислење, кога тоа било сега, пред еден миг, пред да влезе, дека на секој акт закован е со печат по еден човек, нумерирано е по едно стебло, фатена е во челична закачка по една овца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се сторија повеќе од осум метри, не може едноставно да се слезе долу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Камо да се стори! Значи, може, си мислат тие, и да не се стори. Ех, неверни Томовци!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
АРСО: Е, Поцко, сега дури имаш кум!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Што велите вие? - Што ќе велиме ние, да те изеји, многу арно ќе стори, за и ние од таков скржав стопан да куртулисаме, чунки у тебе исав немат, ни во мавање со стапо ќе се сториш мукает да се објагниме полесно.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На првата забелешка од нашите противници, оти никогаш немало македонска словенска народност, може многу просто да им се одговори: што немало понапред – може да се стори подоцна, доста е да се имаат различни историски услови со свои одделни барања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имаше чувство со кое се потупнува по вратот коњот под себе, кога се тргнува на далечен пат, она чувство, со кое што му се префрла раката преку рамо на другарот кога се има да се стори нешто тешко заедно со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тоа се стори што се стори, туку сега ставајте да се позасолниме во растов, оти агите лесно можат и овдека да нѐ оплескаат со мамзерките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакаше да прашува уште и за учењето и за Елена, ама му се стори дека Денко одговара некако без волја, па само одмавна со раката, си промрморе под носот „Да видиш и да не веруваш“, - па замавна со копачот во земјата пред себе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му велам: ’Немој да се плашиш. Во домов Господов ти велам, Севишниот ќе ни дарува мислост’. ‚Не се плашам, татко’, ми вели.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И една ракија, друга ракија, многу се сториле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеби излезот од оваа критичка стапица во која се најдовме не без наша вина е во поинаквата стратегија, која повеќе не сака наменски да го сервисира туѓиот, туку се обидува да изгради свој нов, паралелен свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Си наполнил Силјан едно шише од човечката вода и си го врзал на гуша, та си се сторил штрк и си летна заедно со Аџи Кљак-кљак, та дошол кај што беа збрани сите штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Продолжив да ги сечам насреде и ги доисеков; од половина нагоре попаѓаа додека нозете продолжија да чекорат. Но само така ми се стори.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Си можел да оградисаш, да се дамлосаш, дрво брестово да се сториш, да согориш, под себе да бидеш, светлина да не видиш, ко јаре да блееш, човечки да немееш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На Адем му се нажали за Катето и пишман се стори што му го натрапи со сила на овој едепц'з, ама сега беше доцна да може да ја исправи таа грешка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имаше секакви мислења: едни велеа да се реши никој да не му дава на Лумана ништо, па макар колел и бесел, други беа да се отепа, трети да му се стори тоа на Бошка Манев.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Откога го удрив, го пожалив пусти штрк, ама се стори.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но бабата ниту не го забележа, ниту пак нешто од сето тоа ѝ се стори смешно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Младите штрчиња ги учеле да летаат нависоко и Аџијата беше распратил абер по сите страни да се чинат азар сите штркови, за на свети Панделимон да тргнат за на вилает; му стори абер и на Силјана за и тој да се стори азар.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Може само така да ми се виде дека мислев на него, ама целиот тој ми се стори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лишките немаат врска со оваа работа, вели налутено Максим и во истиот миг се прекорува себеси што откако се заветува зимоска дека еднаш ќе го отепа кобникот од Камен, а не го стори тоа, не се стори ниет ни да се сети на него, а еве сега на друго си помислува, поправо зад друга помисла се затскрива: и да го отепаше, и да разгласеше дека е бувот отепан, луѓево пак ќе веруваа дека тие, лишките, им ја донесле оваа несреќа, а не тој, Лазор Перуноски, во час на пијанство.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му се стори, нејзиното рамо потрпнува во прилив на неречени желби. Што можеше тој?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некако чудно го погледнало и нему му се сторило дека му се смее в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но ова - како ветар да дува во вашите глави, братчиња.“ Кога ја запали светилката, браќата му се сторија ситни и жални.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се загледав внимателно во лицето од татко ми и не знам зошто ми се стори дека во него има некои измени, дека крие од мене нешто.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Им се сторило дека и планините се издишиле со олеснување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во моментот кога ја виде како паѓа врз врзаната рака, му се стори како нејзината болка да ја чувствува во сопственото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дојдоа уште тројца даскали и со Бина се сторија четворица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А тие, кои се сторија главни пак си останаа главни и тропаа секаде: ние Егејците. та ние Егејците, така што од тоа дури им се згади на Вардарците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го гледам моето седуманаесетогодишно дете и ми се стори како преку ноќ да порасна и да стана вистински маж, испотен и задишан, непрекинато ги носи предметите во подземната просторија и ги засолнува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сторија двајца. И си ја почнаа својата стара работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А пак тогаш: Сивокрилите ангели полека фатија да се источуваат пафтајќи со крилјата и упатувајќи се на запад, и наскоро одново се покажа сводот небесен што сега ја немаше својата, туку бојата на проклетството, а од силната војска се издвои само еден одред од Силата што го препокри градот во кој згаснуваше сѐ: и криците, и довикувањата, и трчаниците, и стравот на луѓето, та носејќи факли со сумпорен пламен се одвоија од јатотото и фатија да се спуштаат полека кон Градот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сенката на манастирот паѓала на другата страна, кон густите полусуви и сѐ уште неизгорени смреки премалку достоинствени за својата жилавост, кон зимзелената расфрленост што горе, под најблагиот превалец се проретчувала пред старци дабови, и пред парченца млечна покривка на снег со четирипрсни траги на лештарки и со лански примки за горски еребици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му се стори дека и стражарот го забележа него и дека на секој поврат со коњот, навидум намерно и како случајно, неговиот поглед пак се запира токму на него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
– „Ете како: откога влеговме в гемија во Солун, кога нѐ забра еден силен ветар, та кога ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и за касметот мој ме исфрли на една штица морето на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Командантот Никодим и комесарот Мони, по сѐ слични на Онисифор Мечкојад и на Онисифор Проказник, едниот главурдест и со влакнести уши, другиот замислен и без насмевка на сувото лице, со сомничави очи зјапале во извезениот петокрак знак на попската камилавка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земи брадва пресечиме, Направиме: на две, на три, Наклаи си силен оган, Да изгорам да прегорам, Да се сторам ситна пепел.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Математиката си е тоа. Со Мирјана зедовме молив и пресметавме што може да се стори со една плата. Токму за живеачка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Лежеше мирно и неподвижно и едно време на Мечета му се стори дека заспал.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Е, не се тргаат. Седум, осум, девет, којзнае колку се сториа. Не знам веќе ни да ѝ броа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толе и Трајко излегоа од кулата, појдоа во градинчето, му го зедоа јагнето на Бендерот и му удрија еден дипшик, за да разбере и тој дека Толе Паша со дружината влегол во Старавина и ги опљачкал чорбаџиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му се стори како да си ги чу сите свои три зрна како се слизнаа од кожата на нерезот и како иссвиреа во воздухот, рикошетирајќи, чиниш погодиле во гол камен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)