се (зам.) - стиска (гл.)

— Лелееее! Јас сирота! Зини земјо да ме г'тниш! — почна Митра да се стиска и прсти да крши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
До топло мало тело,се стискам и се молам, да помогне светот, да помогне природата, еволуцијата и старата куртизана Европа, да нема веќе мака и тага за овој народ кој приказни слуша.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
И друштвото кое сега се стиска покрај нас изгледа воодушевено од средбата.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
— Речи им ти, зошто јас?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И како што се стискаше на задниот ќош, се довлечка лазејќи до Шаќира и му прошепна: — Речи им бре, речи им.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почнаа во темнината да се стискаат еден во друг и да држат отстојание од другите колку што можеа, додека во еден момент не им тргна по рака да бидат поведени заедно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги склопи очите и ги виде сите бројки - соседи: се стискаат во телефонска кабина а црната слушалка шушкаво го впива неговиот здив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некои од тие што остануваат да му слугуваат на манастирот, радосни се што ја гледаат оваа убавина надополнета со луѓето, со панаѓурот, а некои се стискаат за своите родители, не се делат од нив, плачат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А, дали имаше луѓе на автобуската додека се стискавме?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тетка ми Оце, Дена и јас се стискавме одзади, меѓу патните торби, кесиња со храна и играчките на Дена, и не ни беше којзнае колку удобно, ама ништо не можеше да ни го расипе доброто расположение.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сега сме на куп сите женски од нашето семејство – забележа тетка Ане, видно задоволна од тој факт.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— Не мочај се сега, кобило! — За тебе ли да се стискам?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Народот се стиска и ракоплеска, вели, се затнаа улиците од народ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го снемало. Кога се вратил (можело да се види дека беневреците му се влажни на колениците) од отворениот гроб се кревале лилави чадишта и уште нешто - мирис на нагорена волна и на човечка тага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ уште врз огнот фрлале гранки и се собирале, се стискале еден до друг да се згреат меѓусебно, малку повеќе од последната топлина на мртвиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега, сега, повторував во себе. Сега, сега јачеа во мене одѕиви. Сега, сега, се стискаа тупаниците на Гавранот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И навистина: тој читаше страница по страница, а ние патувавме: се стискавме за авионот кој не беше повеќе распарчен и раздробен и, слушајќи го, се вѕиравме во мислите да го видиме она што Васе го читаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега се стискаат тајни шеп-шеп шепотари и јавни вревачи по фудбалските натпревари - жив доказ дека сегашноста сепак му завидува на минатото, тука, каде што некогаш сетики врвел и Јане Сандански, со очила за сонце и со џепен саат закачен за реверот со сребрено синџирче, а зад него, се разбира, врвеле и тајни агенти кои му ставале сопки на времето кога ќе подзабрзало.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И лежам така, гледам во мракот што се стиска меѓу гредите, малку подугрејани од жарта во огништето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама се стискаш, ја стегаш устата, не го пушташ каменот од под јазик. Ја вртиш главата и погледот го пушташ некаде напреку. Кај што ништо нема за гледање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)