се (зам.) - стега (гл.)

Сам на масата, си мрмореше сега нешто со себе, а издадената долна рилка тромо му се стегаше и отпушташе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нарипаа сите, спремни за борба или бегање, а Пере прв проговори: — Има право Толе што не потсети дека луѓево од ова село не се за вера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Обрачот ќе се стега додека не се ликвидира и последниот бунтовник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И плач твој немил, некој вака лесно ја убил мајка, како ќе се живеј, твојто срце без татко се стега.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Стефан беснееше, се престоруваше во гуштер одвратен, во молец што ги јаде јаслите сопствени; Пелазгиј веќе сосема побледе и само јас видов дека дланката од десната рака на Писмородецот му се стега под ризата во тупаница.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дворот се начичка добро до народот и од неговата таговна вика. (Сите пак, не ги ни собра.) Сред плачот се стегаше народот надвор и благо секој на мртвото тело Кузманово сакаше да му се доближи: да го бакне неговото чело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Италијанските вдовици од Фајер Ајленд не се стегале да ја искористат таа нишка на мизогинијата во околниот сексизам на поширокото општество за да го постават својот чин на општествен пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поаѓаш без да се свртиш додека срцето ми се стега – толку си мал и ранлив, а толку решителен во одот.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Шепотеше со рапави воздишки дека саканите синови и милите снаи го испратиле по воденички камења во туѓа каза да се избават од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Скрбеше над себе. И мене грлото ми се стегаше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иване, сеќавам цел еден железен обрач дека се стега околу мене!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Последен шум од занданите молкна, срца се стегат да не заплачат.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
А и ноќта се стега, се растуркува со мене. Го запирам здивот и ја наслушувам ноќта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И да се прават бочви и качиња, велам јас, да се киснат и да им се стегаат обрачите...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја гледа сликата и очите му се навлажнуваат, срцето му се стега, душата му се загорчува и му шири пукнатина во него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тупаниците се стегаа во грч, а исколчените очи на симпатичната одмаздничка, како во филмот „Матрикс“, демнеа на најмалото погрешно движење или збор да ме пресечат со црвено ласерско вооружување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тоа беше врева од која се стегаа забите и се крева косата на тилот. Омразата почнуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сребрената жица од милост и добрина, му се завиткуваше полека околу гушата, и колку тој повеќе наоѓаше оправдување за секоја мана на луѓето, и колку полесно им проштеваше, толку жицата сѐ повеќе се засукуваше и сѐ поблизу му се стегаше околу гркланот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сребрената жица сѐ потенко се стегаше околу гушата на Марко, а тој иако вознемирен, уште си размислуваше вака: „Зарем на валијата му беше лесно да ми го предложи она?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Попот го почеша грбот од ѕидот и се стега да проговори, божем не му се проговара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нема чаре, од страот се бега, од страмот не се бега. Па кога дал господ, оти да се стегам пред луѓето?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се точат срповите, се прават нови витли, опинци; се стегаат и Сукаловци и меѓу првите излегоа — „сосем дом, сосем чад“ — што велеше дедот поп Трајко кога креваше панаѓии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По овие страни, по пределот бујат, во црвени крвје што пребликнал сега, за храбрите еднаш песни ќе се чујат и како во синџир оро ќе се стега.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Мајкиното срце почна да се стега од страв - нешто лошо да не ѝ се случило на нејзината мала ќеркичка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Бошко се стегаше, но сакаше да го прави тоа, мислеше дека му е доста она што му го дава Луман, но со времето навикна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Полесно се стега песната одошто бешиката.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Распарлива воздишка ѝ поду и ѝ развали гради, се испомешаа мислите, а измореното и истоштено срце трепери, замрува, се стега во болката на очајот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со брадата втисната меѓу колената што силно ги има зграпчено со обете раце, се ниша ту напред ту назад и не откинува поглед од огнот и до болка чувствува како му се стега желудникот и тие, кои до него најблиску седат, слушаат како гласно му кркорат цревата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Влечејќи се, се најде до убиениот командант. Почувствува како му се стега грлото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се стегам да не лизнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се крева кожата и ми се собира, ми се стегаат крвните садови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку пати само сум се стегала и не сум смеела да излезам, главата да ја покажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Што, како? — Така и така, велам и си ги стискам нозете, се стегам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го фрлам билтенот, ги удирам колената во мевот и се стегам така, се превиткувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се влечкаме, се пореваме, замаени од чистиот воздух што ни се стега во дробовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јажето само ми се стега околу зглобовите, ќе ми ја прежили ногата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никифор ме спетлал, јас се стегам, ништо не помага.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни се стега грлото, целата душа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)