се (зам.) - стаписа (гл.)

Јас се стаписав. „Еве“, вели, „овде ги имам сите пејпрс, сите хартии. Направено е и заверено кај лојер. Како велиме ние, адвокат“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Аскерот се стаписа надолу и сега немаше опасност од врзувањето на обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Четворицата трчавме накај куќата на Љупчо. Зазбивтани втасавме пред дворната врата. Се стаписавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога влеговме во собата, Љупчо стори движење небаре сака да се поткрене. Не можеше. Остана легнат врз високо крената перница.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вчера бевме многу исплашени, а денес веќе сме подобро...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Змија? - се стаписа Денко. - Змија, ами што! Има пепелашки, шарки, а нека те служи среќа да не се сретнеш со џиркалец!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што зборуваш, море!? - се стаписа дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дедо Димо се стаписа. Молчеше. Не можеше да верува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш сите му поверуваа и се стаписаа, а војниците и полицајците се втурнаа на него, за да го фатат и да го врзат, но Димко, и ако беше дечоан, беше истеран на татка си, јак, висок и малку згрбавен, се разврти со стапот и неколкумина од нив зеде по глава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А бе овој е будала, сите ќе нè истепа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тоа што Јанческите не знаеја или не сакаа да кажат како изгледал и што зборувал ајдутинот, (Велеа од што биле обземени од жал за стрика Анѓела и од што се стаписале од страв кога влегол ајдутинот низ Мала врата сега додаваа сам си отворил, не виделе како изгледа дури одвај и разбрале што им зборува), и тоа што не лавна ниту пес и што не шавна ништо друго што е живо, и тоа што утрото не се најдоа никакви траги ниту од Бошета ниту од ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тој ми рече: господине, имате нешто на маицата: Јас погледнав надолу, кон стомакот и се стаписав: на мене стоеше брошот на Луција, црниот пајак со златни нозе; се беше закачил со едната нога и висеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се стаписав од ова кажување: тргнав сам ко дамлосан.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога дојденецот ја погледна сликата, се стаписа и остана така почуден и неподвижен со широко отворени очи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- На овие зборови и двете соговорнички на дамата се стаписаа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Идеше бавно, не ни погледнувајќи во него, пречекори уште десетина пати, без и да го забележи неговото застанување, а еднаш, кога се доближи толку многу што тоа му заприлега на некој вид самоубиствена решеност на сѐ, волкот се стаписа и тој миг отскокна назадечки, како попарен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тргна кон него, а потоа се стаписа во место.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кавалот молкна... Тапанџијата се стаписа, саде зурлите пуштија писок-крик на некакво раскрилено сениште!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Напнаа на вратата и ја скршија. Кога погледнаа внатре, се стаписаа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се стаписав кога Господ влезе у собата.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Се стаписа на местото, се подисправи начулувајќи ги ушите како куче и прво помисли на страната на којашто можеше да очекува опасност па помина со погледот по мракот над високите ѕидови густо обраснати со капини и скреби каде што ништо не можеше да види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Влегоа под оревот Трајанов и веќе го одминуваа кога одеднаш се стаписаа на место.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потрчав и јас, ама и гроздот потрча. Кога го видов тоа се стаписав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ме изненади и се стаписав сред улица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ама кога видов во мракот детски лица, и јас се стаписав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако мајка му е во Прењес, кој ќе го најде писмото, нека ѝ каже. Јас, Паскал на Аргировци сум ранет...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Послушно тргнува накај својата рогозина, каде што, ја води Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И така, сѐ уште клечејќи, на подот ја посла црната шамија, ги рашири рацете и зареди: - Ристеее, чедо, стани, Ристеее...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Писателката миговно се стаписа, посака да е меѓу децата, и таа да поздравува, тоа е полесно, а на нејзиното место да е некоја друга личност.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Фимка се вкочани, се стаписа, ѝ затрепери долната усна, се разигра мускулот на образот, пот студен ороси чело, немошница ја совлада.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Петре се стаписа. Неколкупати се премести од нога на нога. Болниот колк почна да го штреца.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама, тукушто влезе кај детето да му го види лицето и да си каже дали повеќе личи на него, или на Амдие, туку се стаписа кога виде дека и таму Тодора орото го води.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)