се (зам.) - спрема (гл.)

Може да се претпостави дека дел од нив, Кочовите луѓе, знаеле што се спрема и биле тука да држат тензија и, ако треба, да притрчаат, како што и притрчале.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се спремаат, се зборува, две-три ПП (приватни претпријатија).
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега свирката ќе му оди од срце, зашто тој се спремаше за неа како за маѓија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се спремав да одам со Миќо на средсело и сега одеднаш треба таму да мислам дека чевлите ми стојат грдо, а тоа значи да не се чувствувам сигурен од самиот свој темел.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе и учиш селаните да стапуваат во организациата, да си прибираат оружје, да и пазат луѓето шо ќе идат кај ниј, да не жалаат оти ќе дадат парче леб на такви луѓе и; шо е најглавно, да се спремаат за големиот ден кога ќе му се каже да се дигнат сете како еден во оружана борба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Значи, се истребија сите откај нас — задоволен констатира стариот мудур и се спремаше да му предложи на јузбашијата да излезат некој ден да ги видат пепелиштата и пустошот што го направија војските и да ги покараат и поучат селаните да си седат мадро, да не се поврати злото пак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден одред од две три стотини души се растегна малку налево, да ја заобиколи чуката и од запад и се спремаше што побргу да ја префрли преслапта зад чука и да фати врска со северниот одред од бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ние се спремаме да одиме во Бугарија, да ја поразбистриме работата, но во тоа прашање не сме едногласни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе видиме ќе земиш или не! — и го затвори токму на Благовец во една од визбите на кулата, го протепа неколку пати и им нареди на Трајка и Кулета да се спремаат одма по Велигден за свадба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Каурите се спремаат да ја уриваат нашата царштина од темел па чекај ги и кај тебе некоја ноќ и приварди се да не те најдат на спиење и да те испечат жив во конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Значи, да ги оставиме сите наши дејци од народот на милост и немилост? — праша Ѓорче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како да не! И не само еден. Ти аги тепај колку ти душа сака, но ќе гледаш да не биде лошо и за селаните каде ќе и тепаш агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е! Прочита што пишува казмакамот? — му се обрна стариот мудур на младото офицерче и го покани да седне на столот од десната страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но токму кога требаше да се врзе синџирот на преслопта; згрмеа пушките од Ивановиќ и Цилета од „Касматоа Тумба“, која по неговото предвидување остана надвор од обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Се спремаш. Си наумил некаде да одиш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од сега сме тука, ко „циганот“ што се спрема да го украде вашето дете.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„А јас знаете, сѐ кај Боткин се спремав... и наеднаш...“, велеше младичот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Знам, знам. Но ако се градите требаше повеќе кај Ек, не кај Шулц“, го посоветува чиновникот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога мислеше дека ќе има доста вода за едно такво ситно животинче, тој почна да се спрема за пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или пак од некаде, како зауздани бели коњи, се спремаа да ја истрчаат земјата и да ја стоплат питомите ветрови на југовината?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А патувањето низ животот ми покажа дека на мажите секој првпат им е фрка и дека, од силна желба и фантазирање, додека не си ја обележат територијата, лесно може да им се случи да се спремаат за „романтична“ средба со вино и свеќи, одбрана музика за која им требало истражувачко испипување на Ф Б и опсервирање на пленот, кој, колку повеќе ги одбива или ги држи на дистанца, толку повеќе им ја јакне потребата од докажување, а сето тоа да заврши само како романтична.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И веднаш заборавив како се спрема ајвар и слатко, а сторив трансфер од некој кој посветено се крсти во Креаторот во верник, ама во животот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И си почнувам: - За која куќа се спремаш, Капинке, капко моја попарена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За кај се спремаш, Здравко, здравец мој попарен, викам и сеќавам дека неговата рака се лади во мојата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На него витез во оклоп седи смирен. Се спрема за борба крилата и вишна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во болка, раскрвавен како рането ѕвере, секој ден 'ржеше, на секое место во домот го демнеше Кејтеновиот син, се спремаше за најстрашна одмазда.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Очите на Отец Симеон станаа темни и длабоки до дното на едно несфаќање. „Се спремате за циркус“, рече невесело. „Или пак тоа е наследството?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го виде брата си Тодор, кој се спремаше да излегува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сестрите го видоа Тодор како се спрема да излегува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Исидора Перуниќ ги имаше донесено нејзините асистенти од Белград и се спремаше колекцијата за следната сезона: есен и зима 1938-39.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
18. САМАТА Е КИТКА, А КИТКАТА ЈА САКА - убавината не е збор ни дно ни врв да нема, по мориња плови, по небото лета така, а тука, на земјава, гробот ѝ се спрема...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Му реков: Јас се договарав со него, велам, и штом се заврши уредувањето на гробот, ќе треба да се спремам и еден ден да заминам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Секој сват што се спремаше да оди по невеста од Рожденката, или за Рожденката, почна да го спрема коњот и пушката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа Доста сега засука поли и ракави и почна да се спрема да испрати и дочека, да дочека и испрати два табура сватови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ууу, братко, — се јави невестата Менка, која што се спремаше да оди да ја вика Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Сполај богу, ете арни сме, си седиме и се спремаме за нова работа, — одговори Бино и не се зачуди кога Доста рече „добро утро" бидејќи знаеше дека таа е шетана жена и ги знае сите редишта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се колат брави, овци, јагниња, па некаде дури и крави, волови и се спремаат манџите за утрото, да бидат готови, оти тогаш ќе се стои од други поважни работи — пречекај испрати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си велам во себе: „Не кобалт, само не кобалт, неее...“ зашто го гледам зет ти Џеф од карши како се спрема да коментира.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Велат се спрема уште една војна но светот воопшто и не видел мир душата на луѓето пак е неспокојна садистички здробена, заробена в немир
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Падот во адот нѐ стори инвалиди со душите пелин, заробени темни се спремаат ѕверови да нѐ јадат живи а ние гледаме ко сведоци неми
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Како померена, подизлезена од умот. ,А бре, Македонче, каде се спремаш", јас не знам што било што сум велела, ,нека разберат клетите фашисти", сум се мачела да пеам и само да му се истргувам на Алекса, само да го удирам по глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа ноќ е, сине, коњче што се спрема да замине на пат неброени дни.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)