Слична тенденција се воочува во Србија кадешто пак имаме држава која не се темели врз модерниот поим за народност, туку се споила со една пред-државна етничка мешавина, па така на Косово на иста територија парадоксално постојат две паралелни држави: српската државна власт и парадржавните тела на Република Косово.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Десетина години Сефардот ја чекаше раката на убавата братучеда. Најпосле се споија двете судбини.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко во еден период се допишуваше со својата братучеда Лејла, но никогаш не ја виде, само се случи по многу, многу години нивните деца (Етем Устер и авторот на книгава) да се сретнат ненадејно во Париз и да го живеат сродството, да чувствуваат нешто силно заедничко, коешто можеби само судбината на егзилот може да го донесе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се споија небото и земјата во силен тресок, котвата беше крената, каравелата користејќи го здивот на воздишките со полни едра исплови кон широкото море на надежта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А, ако ни се спојат планетите можеби и повеќе од тоа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ти подаруваат, не знаејќи, и најстрашно е што не знаат, едно кршливо и минливо парченце од тебе самиот, нешто што е твое но НАВИВАЊЕ не е од твоето тело, што со твоето тело треба да се спои со ремен како со некоја очајна рачка што се фаќа за твојата шепа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се работи за тип на текст во кој она што досега се нарекуваше филозофија, со помош на логичкото или научното или поетското или естетското, ќе може меѓусебно да се преведе (како превод не ја подразбирам едноставно транспарентната еквивалентност), едно со друго цврсто да се поврзе (greffer) или едно со друго да се спои, па така овие споеви дозволуваат тоа да се препознае и во текстот, во денешниот, не во модерниот текст.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Уште кога придавката ќе се споеше со именката на која најмногу ѝ прилега (како во паровите ’пулсирачка...хипотенуза’ или ’автоеротична...пирана’) глетката стануваше трогателна.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ќе се скине ко стадо овци и пак ќе се спои.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зборот веќе се споил со каменот, визијата станала дел од градот...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Притоа, предлогот за надомест можеше да се спои со предлогот за извршување или да биде поднесен дополнително – но, само до завршувањето на извршната постапка.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Лаковите на подножјето успешно ги прицврстивме, четирите носечки столба се кренаа речиси исправено, а потоа се споија во еден единствен носечки столб кој стануваше сѐ потенок и потенок.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Помисливме дека завеса од ниски облаци се спуштила над Париз, но не беше така.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ако постојат повеќе барања, судот за сите тие барања по правило ќе одлучи со една пресуда.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако повеќе парници се споени заради заедничко расправање, а за конечна одлука узреала само една парница, може да се донесе пресуда само во поглед на таа парница (чл. 311, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Притоа, предлогот за надомест можеше да се спои со предлогот за извршување или да биде поднесен дополнително – но, само до завршувањето на извршната постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
В. чл. 368 од ЗОО. 31 (чл. 227, ЗИ) – што, пак, се очекува да даде поочигледни резултати при ефективното спроведување на судските одлуки во сила, знаејќи дека тоа лице ќе биде и лично погодено со оваа негативна санкција, доколку на дело не ја спроведе судската пресуда која е во корист на работникот. 3) тенденциозно бришење на цел еден појаснувачки член, кој што го регулираше надоместот на плата во случај на враќање на работникот: имено, во новиот ЗИ/05 целосно е испуштен чл. 226 од стариот ЗИП-ка (1997), којшто предвидуваше дека работник, кој поднел предлог да биде вратен на работа во правно лице, може да предложи судот да донесе решение со кое се определува дека правното лице е должно да му ги исплати, на име плата, месечните износи пристигнати од правосилноста на пресудата – додека не биде повторно вратен на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)