Како да не се сподели оваа медитеранска мисла на Албер Ками на брегот на Езерото...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако „геј“ може да се однесува на начин на суштествување, а и на особена културна практика, тоа значи дека гејството може да се сподели со други и да им се пренесе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не постои вечноста, освен во чудесните залези на сонцето, колку и да се задржува земјата како своја, како татковина!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се настојуваше албанската кралска круна да се сподели со италијанската, поточно да ѝ се потчини.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка го оправдуваше заминувањето, оддалечувањето од родната земја само ако тоа беше со Божјиот повик за да се сподели својата внатрешна болка и сопственото страдање со она на најсиромашните.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Може да се рече дека синтагмата и башка и барабар, изразувајќи ја состојбата на златна средина, односно чувство за мера, умереност, воздржаност, претставува цивилизациски модел како да се сочуваат зачуваат традиционалните вредности на својот народ, но и да се споделат како заеднички со сите етнички и верски заедници на времето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)