А тоа сега нѐ очекува“, рече, и сите сфативме дека нѐ очекува работа сурова и опасна по живот: требаше да се сочини препис на чудниот запис, умножение негово на книга!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Едно нешто видов, подобро е така да се каже и да се сочини слово едниствено; едно нешто видов: светлина, боја и музика, оти светлината е боја и музика едновремено, како што бојата е светлина и музика и како што музиката е светлина и боја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На третиот ден остана да се сочини само уште отисок од првиот збор, за кој Филозофот претпоставуваше дека е јас, а клучот за тоа јас беше потписот од крајот на текстот, што прв беше умножен, и што според уката на Филозофот значеше: Дариј.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)