Душата твоја во тој миг мека стана како преѓа во која се сопре отровната стрела, се успокои, оти стрелите на зависта ништо не му можат на мекото, кое ги умртвува, а од тврдите, камени ѕидови на суетата се одбиваат како од тврдина, но во нив оставаат дупки.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се разбира, се сопрев пред рекламните табли и разбрав дека мјузиклот, во овој тетар на „Анверс“, се прикажува повеќе од две години и веќе го посетиле над половина милион луѓе.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Потем сѐ се случи многу брзо: експресот се појави зад кривината со страшно трубење; машиновозачот беше притиснал на сирената, затоа што јас стоев на пругата, а Јан Лудвик, расчекорен на самиот врв од мостот, со раскопчани панталони, со фалусот во рака; јас потрчав десно од мостот и се стркалав по насипот; се сопрев дури пред реката, во една грмушка; локомотивата протатне под Јан и веќе влегуваше во тунелот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)