се (зам.) - сопнува (гл.)

Кожа со кафеави дамки во кои откривав вистини за летањето над маѓосани цветови, кај усните ми, се сопнуваа и го добиваа сопствениот облик;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Тропаат на тврдиот планински камен коњските копита, шушкаат опинците и босите стапала на жените, кои загледани во разофканите ранети, се сопнуваат од издадените корења и камења.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
1. Организер е првиот збор на кој се сопнав и не престанав да се сопнувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Константин се сопнува на нешто што не е ни камен ни пенушка, на нешто меко и паѓа на коленици, потоа, накривнувајќи се, го спушта од себе товарот врз некој мртов војник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се тетерави по стивнатото боиште Константин со товар на грбот, ѕвечаво бладање на човек пред свој крај, се судрува со грмушки и се сопнува на трупови. Збива и пцуе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во куќата сум незабележлив. Се сопнуваат на мене, ме кошкаат и никогаш ништо не ми говорат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Излези – влези, сѐ на тебе се сопнуваме. Ќе умреш ако си одиме.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Да ја ебам мама му да ја ебам на турскиот цар! МИХАЈЛО: И на големиот Везир! ЕВТО: И на сета царска Порта! (Се сопнуваат. Скоро паѓаат. Врз ковчегот на Султана. Се смируваат. Пауза. Се одвојуваат.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сѐ повеќе се тетеравел со отворена уста и без здив (со секоја воздишка ножот самиот од себе подлабоко се забуцувал в месо) и со цели стапалки, тврдо, несмасно, удирал по земјата, врз која, божем таа се ниша под него, со повремени ширења на рацете се обидувал да сочува рамнотежа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сенката му се сопнувала по нерамнини. И токму таа сенка како да го задржувала да се оддалечи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се судруваа, се разминуваа, се сопнуваа еден од друг, ама без роптеж продолжуваа да си го осигуруваат брложето што го имаа зафатено.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Не смее да се сопнува. Тој е во строј, нели?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Патем се сопнуваше, паѓаше и пак стануваше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во Битола само на војници и на курви се сопкаш, велат. За едно кравајче леб ќе ти го кренат фустанот, велат, за една чаша ракија ќе ти се расчекорат, ќе те опчекорат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се лизгаме на шумките, се сопкаме на треските. Се влечкаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)