Во историјата на ослободителните движења во светот ретко ќе се сретнат меѓу успешните водачи на револуциите во нивните личности и успешни градители на државите по ослободувањето!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
19. Сѐ тоа се факти за дипломатијата, којашто има да се сообразува со дејствителноста, а не со теоријата за народноста на Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако е така, тогаш природно е оти со барањето црковна реформа ќе се соедини и барањето училишна реформа, т.е. Архиепископијата ќе ја земе во свои раце училишната работа и ќе се сообразува во неа со народноста на својата паства; во грчките епархии и парохии ќе се учи во училиштето и ќе се служи во црквата на грчки јазик; во влашките – на влашки; во словенските – на македонски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се веруваше дека Арафат не успеа да остане на висината на предизвикот што му го понуди историјата, најпрвин поради фактот што војната и мирот, револуцијата и раководењето, тешко се сообразуваат, координираат во исти личности, при што водачите на револуциите, на движењата за слобода ретко стануваат и најдобрите градители на државите!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)