се (зам.) - созема (гл.)

Но тој се совзема, чека да му мине згорештеноста и таблата пак спокојно испливува пред неговите очи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Митко прво силно се изненади и за малку ќе ја испуштеше слушалката, а потоа кога малку се созема почна силно да вика, онака како што правеше мајка му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Од болот што стисокот му го нанесе Србин почна да се созема, сфаќајќи дека тоа не е грмотевица како што прво помисли, туку дека топови рикаат отаде на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Почна да ѝ се магли пред очите. Од солзи не можеше да чита понатаму. Кога малку се созема продолжи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Летка виде дека со помош на виното Едо се созема, доаѓа на себе и има пригодна идеја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со ноќи потем сонував дека таа неизвесност ја платил со глава; го мислев, господин судија, не дека не сум го мислела; го сонував како паѓа од тој проклет трапез, од огромна височина и како си го крши вратот; се будев во пот и плачев; подоцна, многу подоцна, дури и го посакував, како жена што посакува маж; имаше ноќи во кои посакував да се спакувам и да заминам (оти Партијата, како и секоја партија, пропадна како брод од хартија), но секогаш брзо се соземав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ повеќе се созема Глигор и сѐ поубаво се бистри во неговите очи девојката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Треба, вели, да се соземам, а ќе има кога, вели, бидејќи ќе останела во Долнец подолго одошто планирала кога дошла.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се соземам полека и здогледувам када за бањање, крпи, бањарки, големо огледало... Од кај се најде сега бања?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Зар така, од ништо, се соземам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука застана и оттука како да почна да се созема.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но штом ќе сфатеше дека станал нивни заробеник, бргу-бргу се соземаше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потем се соземам несвесно се враќам со временската машина во виртуелната стварност и продолжувам да си играм да се занесувам оти како инаку ќе преживеам Мамо - не знам!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тешко се соземаше. – Рече нешто, сине, не те слушнав добро? – Патувам за Франција, Мајко! – Да одиш, сине, ако си наумил. Не останувај долго!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ме снишаа да се разбудам, да се соземам, ме измија со вода и ме смирија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се созема човекот. Ама сиот е воден во лицето од солзи и од пот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Браќа и сестри, се созема попот, не треба да очајувате пред болеста што ја запознавте.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се фаќам под гушата, се тријам, се прибирам, се соземам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бугарските војници, околу Илија, дури тогаш се соземаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)