се (зам.) - согласува (гл.)

Тие не се согласуваат да станат работничка класа и градители без нивните кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас се согласувам со него. Формално тој има право.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со цел Витгенштајн да се предизвика во овој случај, доволно е да се постави прашањето: бидејќи се бара на објаснувањето да му дојде крајот, зошто да му се стави крај во мистеријата на тоа како почетникот успева да постапува на начин кој фактички се согласува со практиките на заедницата, попрво одошто тоа да се стори со помош на достапниот и добро познат комплекс од психолошки концепти кои пружаат толку моќна мрежа на дескрипција и предвидување?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Ајде, Стојче, ајде, - се согласуваше стариот. - Па белки некогаш ќе јадеме присади.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- И јас велам така, - се согласува дедо Иван и тогаш почнува да расправа за руската силовитост во бојот, како го поминале Дунав кога ја ослободувале Бугарија: не знам колку илјади се издавиле, направиле мост од трупови за да мине другата војска.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Европската историја на литературата во едно се согласува: еуфистите, маниристите, гонгористите, кончетистите и прециозите не биле ниту политички легитимисти ниту религиски конформисти (иако понекогаш се „продавале“ за такви), ниту биле следбеници на било какви утилитаристички етички теории и токму тоа ја фрлало во очајание идеалистичката историографија на 19-иот век!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Секој час изгледа дека ќе станат сите од подиумот и отворено, онака дека без ракавици, без завивање, решително и непомирливо, ќе се спротивстават: извинете, ние протестираме, не се согласуваме да свири сам трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Значи, се согласуваш, - рече инженер Александар. - А зошто да не.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го одбегнуваше зборот „јубилеј” и придавката „јубилејна”, зашто го потсетуваше не дека зрее туку дека старее, а тоа никако не се согласуваше со неговиот темперамент, на кој - по негово мислење - повеќе му одговараше поимот „младост”, па макар овој во јазикот на баба му да се викаше „аџамилак”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Наспроти нашата сомнителна мрзливост и хистеричниот активизам? (277) Сосема се согласувам со Салиери кога се буни против Господ кој на човештвото му ја подарил божествената музика на Моцарт, со единствена цел да нѐ исмее и да нѐ нурне во очајание.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кој е и зошто се крие, ако јас веќе сум потпишал дека ќе се согласувам со него?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Гласот“, изустив, како од устата моја двајца да говорат и да се согласуваат со Филозофот: јас и отец Стефан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Набргу излегуваше дека тие мислеле “тој или таа не се согласува со мене”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Уште овде. Да ги преместиме ли дрвата? - Денеска? - Па... можеме и утре, тивко одговори Кузман. - Се согласуваш?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Директорот ќе викне полиција. Не се согласувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ајдук е тој, безбожник, се согласуваа со воздивки или придушено прашуваа: - И никој друг не ти влегол в куќа?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А и јас не се согласувам, не можам без Ели.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со еден збор, во турско време ние потврдувавме и се согласувавме со сѐ што ќе ни речеа Турците и Грците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ПОП ЈАНЧЕ: И ние донесовме решение да избегаш по Илија. Се согласуваш ли?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Битно е, што никој не може да ни забрани и макар што Первоједов, го гледам, се лути, но со раката не може да ме дофати. Деденце, се согласувате?“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Јас потполно, потполно се согласувам и со мое најголемо задоволство, но со тоа, што Катиш прва да започне со својата би-о-графија“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ќе излеземе да прошетаме, си рече. Се согласуваш?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така решаваат Иван и Павле. Тој се согласува без отпор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се согласуваш само со смртта, а животот го одрекнуваш...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓу публиката имаше и такви што не се согласуваа со ова мислење, ја бараа причината во смелоста и очајот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја повторуваше таа заучена реченица: „Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме создадени да го порекнуваме она што постои“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секој дошол во животот со некое свое барање и тој треба да го најде и да го задоволи она што е потребно или да не се согласува со она што постои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На тиранијата ѝ е потребен твојот очај, поразот на тие што не се согласувуваат со неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„А, ако не заслужам?“, прашуваш зашто до овој момент не те прашал дали ти воопшто сакаш да бидеш заробеник во некој стан во не знам која населба, кој со крв и пот тој и неговата сопруга го заработиле, ама тој, имајќи те тебе на ум, никако не се согласува да го издадат под наем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но како никој, ни копуците, како што беше Борис Енда, не се согласуваше да влезе во колектив, Пената, на една конференција организирана за влегување во колектив и против бога, фати облог со мажите дека тој, ако се согласат тие да влезат во колектив, и за да им докаже дека веруваат во глупости, сам, ноќе на полноќ, ќе отиде на Самовилец и оттаму, за доказ дека бил, ќе го донесе копаничето со кое луѓето црпеа вода од кладенецот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако беше божји коњ, то ест христијански, то ест сеедно дали ајдутски или лично од свети Јован Крстител, како се согласуваше да го викаат Мурад и да биде јаван од Турчин, од ништоверник?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако се согласувате со планов, вели повторно исправајќи се во столчето, да ви кажам уште и тоа дека за начелник на општината го предвидуваме Костадина Дамчески, за учител Јосифа наш Акиноски, а за свештеник, за некое време и а да се полакомат Грчиштата, Хаџи Ташку, па да го потпишеме писмото и да си отидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мора да траеше секунда, можеби повеќе, бидејќи почувствував дека Маргарита ја воочи таа насмевка со која Ана не се согласува, макар само така што ја наведнува главата, што неодредено го испитува затворачот на својата црвена кожна чанта, а всушност речиси како и да е оправдано да се смееш и понатаму иако Маргарета такаречи веќе и не гледа бидејќи на некој начин гестот на Ана ја потврдува мојата насмевка, и понатаму ја прима до себе па веќе не е ни потребно таа или Маргарита да ме гледаат бидејќи и се онака темелно предадени на ништожната работа околу проверката на затворачот на црвената чанта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Другиот, човек на кого немал прилика да му погледне в очи и да го прими како пријател или да го заборави доколку не го намрази, веќе и не се држи за својот несреќен носач. Олабавен е и не се согласува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Додека спиеше, ги прегледав твоите работи, земајќи сѐ што не се согласуваше со твојот нов идентитет кој ти го купив во Берлин.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Хејс: Не се согласувам. Почитувањето на едно множество правила не прави од некого механизам кој извршува една програма.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Да се согласиме првин за десет. Секој да предложи по пет и утре ќе започнеме да ги разгледуваме. Се согласувам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да не се определуваме однапред, нека покаже анализата! нагласи Татко. Се согласувам. Најпосле можеме да започнеме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веќе се согласивме дека не се согласуваме. Идеите не нѐ прават идеални, ниту верувањата верници.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Си дозволив да Ве слушам, бидејќи ме привлече Вашата мисла. Се согласувам со Вас во потполност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За тоа како Јохан најпрво се спротивставува, па потоа се согласува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За време на анализирачкиот процес на формите, Frere-Jones почнал да гледа работи „со кои јас сосема не се согласував“, и по неколку недели работа над буквите, сите биле различни.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа ги прашала: Добро, за кого треба да бидам, а едниот глас ѝ рекол – Се разбира, за мене. Им рекла: Добро се согласувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Една млада жена, можеби неговата секретарка, седеше свртена со грбот кон Винстон, го слушаше и изгледаше како спремно да се согласува со сѐ што кажуваше тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Работа на Винстон беше да ги исправи првобитните бројки така што ќе ги направи да се согласуваат со најновите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Применет на противник, е навредлив; применет на некој со кого се согласуваш, е пофалба“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одвреме-навреме Винстон фаќаше такви забелешки како „Мислам дека сте во право“ и „Толку многу се согласувам со вас“, изговорени со младешки и прилично глупав женски глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Минатото е сѐ она околу што документите и сеќавањето се согласуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Четвртиот ден Петре го беше пропуштил, така и петтиот, зашто манастирските чоеци не се согласуваа да останат без него крај сергијата, како без Петре ништо да не бидуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Меѓу другото, тоа е и случајот на мајка со дете до три години старост и на самохран родител со дете до шест годишна возраст, „освен ако работникот даде писмена изјава дека, доброволно, се согласува со прекувремената работа“ (чл. 120, ЗРО/05)!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со потписот на приемот на платниот налог се смета дека сторителот 65 се согласува да ја плати глобата, и тоа во рок од осум дена од денот на приемот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Навикна на него како на батка си Јована и не знаеше кој ѝ е подраг. Не еднаш застануваше на Стојановата страна кога не се согласуваа за нешто.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да се исклучиш, да се свртиш и слепо да се согласуваш?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
БАРБОШИН: Ако ме молите... Зошто не, се согласувам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа е позната стара работа превркнам — препукнам прегач — особена унечка со телови прегос — денот после венчањето кога се пие блага ракија предотина — прежда преѕалувам — претерувам во нешто пресек —ѓутуре (спаилакот се зема ѓутуре без да се бројат снопјето) прид — пари за невестата без кои во Мариово не ја даваат родителите девојката прикрепник — мажот ми (мојот прикрепник) принова — новородено дете припрто — кусо време проведи ме (од кучката) — одбрани ме провирач — камен со дупка преку која се провираат болни и бездетни жени проводија — подарок во пари на невеста и мало дете пролетнина — пролетни посеви промрткам — не се согласувам, си пишманам проскомидија — дел од црквената литургија прочврча (сланината) — се испржи пцалт — црквен пеач пувка — врста печурка, габа која е мека и пувка кога ќе ја стегнеш со прстите пупулче — младо девојче, пупуљак пупурник — кржлаво дете, рахитично пурде — име на машко дете дури да го крстат пуст — ничии, без стопан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедо ја смируваше, велеше дека од книгите аир ќе видат, ама се согласуваше со баба дека нема да им биде лесно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Китан наведе дека не се согласува да му се плати само 25% оштета.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Старата, веќе одамна неподвижна, се согласуваше со сѐ - само да знае каде е.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Се согласуваш со мене, Дудо? - прашуваше Џорџ сениорот и грлено се смееше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сум сигурен дали ме слушна или изигруваше отсутност но јас му реков дека се согласувам со него и дека можам да си ја замислам силината на љубовта која е во состојба да раздвижува, да покренува па дури да замени и да надополни многу други потреби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таа веројатно сакаше да потврди дека се согласува со мене бидејќи ми помина со прстите низ косата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А додека тој ја прашуваше дали се сложува со него таа ме потчукнуваше по рамото.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Да, знам. Се согласувам со вас.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со тоа не се согласува не само „содржината” на Идеалот туку во целост и пред сè, ниту самиот негов статус: во хетерономната индивидуа не само што индивидуализмот се надополнува со конформизмот и т.н., туку, освен тоа, се открива можноста на прилагодувањето кон барањата на околината, на брзото реагирање кон новите насоки, така што барањата на околината претставуваат веќе вредност сама за себе.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но тоа е единствен учебен материјал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ова е еден од вашите наједноставни филмови. Се согласувате?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дали се согласувате со ваквото читање?  Да, но тоа не е толку прашање дали постмодерната допушта повеќе слобода за индивидуите од модерната.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас навистина не знам како тоа може да се мери.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се согласувам со тебе. Има такви, како што ти ги нарече -подбуцнувачи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ни испраќаат некои немирни бранови дури и во соништата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Смислуваат приказни. Сакаат да нѐ соблазнат со своите убаво стокмени измислици.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И тој, откако часовникот мина во неговата рака, ја повлече изненадувачки внимателно, дури нежно, што воопшто не се согласуваше со неговото рамнодушно лице.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Куќата е на еден кат, со задниот дел свртена кон селото, а со лицето кон езерото; кога ја градеше куќата, жена му го тераше да кренат уште еден кат, но тој не се согласуваше; ѝ велеше: „Куќата е како дрвото: за да се крене повисоко - треба да пушти подлабоки корење, а ние сме тенки во парица: не можеме ни надолу да одиме, ни нагоре“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Така ме викаат другите, ама јас не се согласувам со додавката на моето име, оти мислам не сум толку добар и не ќе бидам добар до колку не им угодам на прекрасниве суштества, што сум ги создал, а нема со кого да играат...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се согласувам, тато, ама ме збунува и оптоварува една мисла: Каде биле сите тие стручни лица кога агресивно настапувал хаосот?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Според нив, „сите ‘федералисти’ во владата и ‘армијата’ на Михаиловиќ се согласуваат дека Југославија треба да ја задржи династијата Караѓорѓевиќ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И во основа „сите тие ги оспоруваат правата на Македонците да формираат автономна држава во рамките на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ако се почитуваше вообичаениот ред на вакви средби, директорот на театарот – гостин требаше да возврати, но тој го задржуваше на лице­то својот израз – клише, од кој не можеше да се разбере дали се согласува или не со изреченото.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бреза и Борче, кој сега е во прво одделение, најмногу сакаат да го јават и тој се согласува без збор да оди на четири нозе низ собата, полека, како слон.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа не се согласуваше со својата ќерка дека на Дончо треба да му се пружи најмногу затоа што го нема татка си крај себе (па ако го има што ќар?), особено што веќе се знае дека ќе ја има снагата нејзина!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се прашуваше гласно во присуство на тетка Перса, ама срцето што остануваше стегнато како да не се согласуваше со нејзината гласно изговорена мисла.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Значи, седам во мојава соба, на прозорецот, гледам во потокот, Борче, не знам што му текнало, учи нешто во неговата, т.е. во собата на брат ми, што е сега привремено негова и, веќе реков, ги имам сите предуслови да бидам сосема среќна, а не сум.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А што ако имам некаква страшна болест и умрам од што не се грижи за мене, а на своите пациенти дење-ноќе им посветува внимание?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со него ми е супер, право уживање. Постар е од мене три години и ептен добро се согласуваме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)