Од каде се снабдуваат сиромаси овие три-четири месеци? – божем сожалително праша тој. –Море како немаат!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Доколку дрогата би била достапна само на регистрираните уживатели, нерегистрираните и понатаму би се снабдувале на црниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Исто така, колку одреден систем е построг, толку е поголема и можноста илегалниот пазар да продолжи да егзистира.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Така, клошарите последни се снабдуваа од „Халите“ и ги напуштаа со полни торби...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се чини дека техниката е протеза на интелигенцијата: Колективното мислење што го наметнуваат разните медии веќе е насочено кон поништување на изворноста на сензациите, кон укинување на присуството во светот, на начин луѓето да се снабдуваат со залихи информации коишто го програмираат нивното помнење.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Техниката веќе во многу нешта ги прошири нашите животни очекувања, физичката околина, перцепцијата и помнењето - со помош на зголемувачи, телескопи, ендоскопи, телефони, фотографии, филмови, генетски инженеринг, пресадување на органи, вештачко оплодување и сл.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но освен малкуте тврдокорни партиски кадри, сите други, вклучувајќи ги тука и вишите и нижите службеници, скришум, да не видат другите, се снабдуваа со козјо млеко и млечни производи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Со тоа беше обезбедено единиците самостојно да можат да се снабдуваат од сојузниците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)