ТРОШЧЕЈКИН: Леле, немаме! Јас би се снабдил, но не умеам да ракувам.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
По добивањето на „откупот“, Коста и Тодор биле “ослободени“, а повеќемина заговорници се собрале во Софија за да размислат како да се снабдат со поголема сума пари и да почнат со реализирањето на своите планови, зашто со парите што останале од „откупот“ не можело да се почне ништо.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Целта ни беше да се снабдиме со храна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Секој нека отрча да се снабди со праќка и веднаш да се врати.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Љубителот на алкохол у секое време може да тркне до најблиското продавниче и да се снабди со пиво, вино и ракија, за разлика од кутриот џанкер, кој мора да го брка маалскиот дилер, а воедно и да се крие од алфи и џандари за да не заглави у ќорка поради 5 грама трава.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)