се (зам.) - смрзне (гл.)

Се смрзнав. Искиснав до кожа. Овде е топло.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Бојата на лицето полека му се враќаше а солзите како да го изгаснаа огнот во очите. Тие пак се смрзнаа и станаа рибини.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Смена на стража - рече десетарот. - Најпосле. Целиот се смрзнав.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие отскокнаа еден од друг. Утробата на Винстон се смрзна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Логотетот погледна изненадено во отец Пелазгиј, а на овој му се смрзна насмевката на устата, и веќе миг потоа отец Пелазгиј ги триеше сервилно рацете пред логотетот и мрмореше: „Убава парабола кажа Филозофот, логотету.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)