Ех, мајче... стегни душја, додржи... Кураж. Уште малку и ќе го снема сонцето што така нѐ пече, ќе се смрачи, а тогаш ноќта ќе биде мирна... Ајде, оди по мене...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се смрачило и си го зеле мажот и жената Силјана, та си го однесле дома.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Зарем не гледаш дека ноќ си, Лицето твое темно е, се смрачи. Духовноста ја нема.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
За миг во црквата се смрачи. Остриот чад истиснува солзи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Велат дека кметот и жена си ја вооружил, па штом малку ќе се смрачело, почнувале со вртење околу куќата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Игуменот се смрачи:
„Е па, тогаш, време е наскоро да ти најдеме невеста“, рече.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
(Некако се смрачи хавајкава. Треба да пазам што зборам. Може има врска со тие војниците што ги спомна прееска.)
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)