се (зам.) - смирува (гл.)

Ритмот на дишењето, досега брз и бучен, полека се смируваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вечерта, доцна, кога на запад веќе беше папсана црвената светлина и јас полека се смирував, на листот хартија, во одвај започнатата повест, го напишав токму тоа: „Тивок, жежок ветер ги носи огновите кон нас и фрла жарје и паулици сред сувите треви...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Куќата се стишува, жената одново заспива, кучињата молчат, сѐ се смирува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Голем е нискиот, и смерноста е височина; колку подлабоко некој се смирува, толку повеќе се извишува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И одделението се смирува.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тогаш улицата се смируваше. Престануваа доверливите шепоти на жените, а лагите на лимарот, и липањето на писаровата виолина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во тој свечен чин на неможното, кога дури и кобниците ги забораваат проколнувањата со кои се родиле и со кои ќе умрат премногу изморени за да прослават еднаш во животот и благослов, во водите престануваат вражбите: над дебел опаш на видра се смирува рој бели рибички, водените полвови со очи ја пијат ѕвездената светлост: потоците ги појат разбудените коренчиња на дуњите и сливите, жугаат од нив сончогледи и пченки, и уште подалеку,
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со револверот пак во своите раце, Фезлиев се смирува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На крај се смирува седнат покрај масата и одново пие. Сега веќе посмирено.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Киев се смирува околу полноќ.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Киев сега е толку мирна заветрина, темпото на животот дотолку не личи на московското, што на киевјаните сето тоа им е несфатливо.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој добива увереност и сила и започнува да господари над потсмевките и закачките и тие папсуваат и најпосле сосема се смируваат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Тоа се пак стихови, нели? - се смирува Ана. - Се вика Смарагда, - вели сериозно тој, оставајќи ја без внимание нејзината закачка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знаеше како се чуваат доенчиња, иако самиот никогаш немал деца, се впушташе во неверојатно интересни разговори околу исхраната за определена болест, ги предлагаше тие и тие видови пудра, на ливчиња испишуваше рецепти за приготвување лековити масти, ги регулираше квантитетот и квалитетот на напивките за бебиња, дури знаеше и како да ги држи: расплаканото дете веднаш се смируваше кога ќе го кренеше в раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сумите што ги бараше се движеа од една до педесет марки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Младата Г-ца Робертсон ќе биде силно трогната од ова и ќе сфати дека ништо не е поважно од љубовта по што се смирува со Г-н Стјуарт.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дувкаше околу половина час, а потоа целиот предел пак се смируваше, веќе оладен и свеж.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дедо Петре и синот Трајан погледнуваат де угоре кон чатијата, де удолу врз софрата. - У-у-у...у-у-у... не се смирува утката.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Земаше лозови и се смируваше малку до вечерта до легнувањето, но пак започнуваше нешто да му ја разбранува душата, да го поткрева, да го возбудува, да не може да спие, и пак излегуваше да шета, да гледа во ѕвездите, да ја чека нестрпливо зората, идењето на весниците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Татко, уште во младоста, кога се запознал со Мајка, ѝ беше дарил големо шише со лимонова колонска вода со која таа често се смируваше при големите потреси во нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И сите можни балкански противречности, разликите од верски, од етнички и од друг карактер, кои кај други и наоколу можеа да предизвикаат раздор, судири, омраза, нетрпеливост, на нејзиното спокојно и мирно лице, особено во нејзината благородна душа, се помируваа, се смируваа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога ќе истечеше крвта од него, кога ќе запреше кркорењето, војниците го оставаа бикот, кој полека се смируваше и како во сон ќе спреташе полека со нозете, ќе ги издолжеше и ќе ги собереше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Светлоста околу нив живо пулсираше, пливаше, низ облаците, се палеше и се гасеше;тоа пролетно треперење не се смируваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На суво се смируваше, но и тука колку што можеше пркосеше, стоеше цврсто.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ветриштата, некогаш млади и диви, старееја и се смируваа, а облаците на небото, раскинати и расфрлани, беа оставени самите да скитаат низ празната белина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вера го милува по главата. Симон се смирува. Погледнува во неа.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Да ја ебам мама му да ја ебам на турскиот цар! МИХАЈЛО: И на големиот Везир! ЕВТО: И на сета царска Порта! (Се сопнуваат. Скоро паѓаат. Врз ковчегот на Султана. Се смируваат. Пауза. Се одвојуваат.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Шумоли спрженото лисје и високите подгорени стебленца на тревата. Земјата се смирува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Меѓу стеблата, зад неа и високо над неа, во бранови завива ветерот и ту се смирува, ту одново завива и само шушлек сипе та сипе и спржува образ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И веднаш се смируваат, како да не си се изразвикале пред пет минуги.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)