Но откога се смеша времево, и особено откако изби војната во Европа, старата книга почна да придобива сѐ поважна улога во берберницава, како да чекала стрпливо само за
тоа да се најде во ваков зол час.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Многу е лошо вакви болни компири да се смешаат во семето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ти ќе ми го гледаш таму, да не се смеша во пуста политика, да ми го изедат, пцине.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И оној ден на откопувањето на гробот зад црквениот олтар, се смеша со другите денови.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Добиените звуци се сретнаа над ливадата, се смешаа и се претворија во една ѕвонлива, еднолична музика. Бојан ја крена главата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И само со тоа сакаат да се смешаат, да влезат во задругата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Обратно „Е“ на изгазениот и извалкан снег што се смешал и со катранот под праговите од насипот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Заборавив со какви луѓе сум се смешала.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Гледав по расцутениот кантарион што му се нишаше над главата, ко запалена свеќа. „Ако се смешаш со змии, велеше дедо, не можеш друго да бидеш.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И, како што градот се ширеше, така гробиштата беа сѐ подалеку - живите не сакаа да се смешаат со мртвите.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ама и таа се смешала со луѓето. Се провира меѓу нив, се чипчи за бутот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Војникот ја спушти пушката, а момчето се смеша меѓу луѓето од погребната поворка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Зошто ти е тебе лисник, вели Дуко Вендија. - Ами, да се најдам во работа, велам, колку да се смешам со народот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се затвори небото, се смеша со земјата. Не се гледа ни поле, ни планина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)