Нападите на Вестготите, Остготите, Хуните, Аварите, Антите, Словените, Србо-Хрватите, Бугарите на Византија се сменуваа еден по друг и поради таа причина византиските историчари зборуваат за сите тие народи, па и за Словените и Антите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таа рошка низ чантата, вади прибор и се шминка; Богдан ѝ го гледа повремено лицето на стаклото од прозорецот и осеќа во носот силни мириси што се сменуваат или се мешаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И така, од моќ во ноќ , напоредно со моето се побавно пишување, се сменуваа многуте Рубини Фаин, Се додека во сеќавањето не остана нејасна силуета на жена што заприлегала на неподвижноста на камен, или на камен од кој природата обликувала жена.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А бидејќи носењето на сандакот е добивка за секого, како што објасни оџата, мажите се сменуваа на секои десет чекори во носењето: ги сменуваа предните двајца, а тие се повлекуваа на местата од задните двајца.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Јуначиште, - мрмореше старецот, а на лицето му се сменуваа ту радост, ту загриженост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неколку момчаци, синовите на покојните Онисифор Мечкојад, Никифор Ганевски и Каменчо Скитник, биле врзани за дрво и јавно тепани со камшици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Одовде Хичкок на површината е непримерено „полесен” од Грин, во темелите е определен за јансенистичката визија на човекот како битие кај кое секој момент на човечноста лесно се сменува со опсцената травестија на расипаноста...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Од КСС, пак, велеа дека со оваа измена ќе им бидат отстранети „ограничувањата“ на оние луѓе кои сакаат да работат 26 то на нова дефиниција за т.н. сменско работење, според која работа во смени значи „секој метод на организирање на работата во смени во која работниците се сменуваат едноподруго, на исто работно место, во согласност со одреден план и кое може да биде континуирано или со прекини“ – вклучувајќи ја потребата за работниците да работат во различно време во даден период на денови или недели (чл. 9, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Се сменуваа сушици и припек и само во југовина сѐ што се движеше пееше услиши господи и херувими а воздухот повторуваше со години секој збор и секој глас.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Дента по блиските шини татнеа возови, шинобуси, пиштеа пробивно железничарски свирчиња, се сменуваа викови, песни, смеа, а стариот вагон на заборавениот колосек го гледаше сето тоа, слушаше и копнееше од мака.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Лапајцата си врне, се сменува. Напати ќе удри повеќе на дожд, напати повеќе на снег.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)