Тој не можеше да зборне - грлото му се стегна и му трепереше. Сиот како да се стутка и да се смали.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Цел живот ги гледаш своите другари, соседи, пријатели, исправени и горди, како шетаат со своите соништа низ времето и туку одеднаш ќе забележиш, тие спокојни и чесни луѓе како клапнале, се подвиткале, се смалиле...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Големиот Томо речиси во миг се смали.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Квечерина одново кога ѕирнав во книгата ми се стори дека побелеле, се смалиле, и позаспале како дечиња во постелата на книгата – ги покрив со темната покривка на моите горчиви години.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
„Ме исплаши“, рече прибирајќи си ги нозете една кон друга и загрнувајќи ги со полите од бањарката, подисправајќи се на тоалетното столче од што задникот пред моите очи како да ѝ заигра, предизвикувачки, како да ѝ се смали и да ѝ стана поподатлив за моите веќе полакомени дланки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Бројот на луѓето пак се смали. Оние од придружбата во едниот џип, сосе џипот вилус, си заминаа назад во градот, а другите тројца, го оставија оној друг џип лада кај куќата и тргнаа по мене.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Вели: „Се сеќаваш, погребната поворка кон гробиштата на Долнец, се смали на еден трактор и на два џипа...“
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Туку ќе му се смалат очите, ќе застенка и ќе падне, ќе си го голтне јазикот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Големата река од едната страна на стопанството Острово толку многу се смали што дури и децата ја прегазуваа на најширокиот дел, а каналот оти постојано свртен кон пиперките и доматите речиси остана без вода од мовчето преку кое се влегува во населбата внатре па сѐ до спојот со реката.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Гледајќи како се оддалечува Чана, а никако да ѝ се смали фигурата, Пелагија се прекори себе си за лошата мисла што ѝ го жегна срцето Не, не, нашата врска е посилна дури и од онаа што ме врзува со мојата Добра!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Туку гледате, ги исфрлиле од себе неубавите, груби капутишта, ги слекле тешките војнички кондури, која боса, која по калци, бели, домашни, која по свилени чорапи добиени на крос-контрите (како награда), - која по гаќички, која во селско шајачно фустанче, која со долги, мили раце, бели, слаби, о боже, некоја што била малечка се извила, заластарила, високо, до небото, друга се смалила, се свиткала, се подгрбавила, о господе боже!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Но ние не можеме тоа да го направиме. Ние... ние сме малечки – вели Зоки, и се стуткува целиот за да се смали.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Треба гледалиштето да се смали, а просторот за игра да стане голем и простран, со опрема за ТВ преноси за оние кои повеќе сакаат да останат дома.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)