Неиздржливо... Неиздржливо... - Да не ви се слошило, другар?! Тој се тргна. Крена глава.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога по одморот, пак ја покани за игра, и кога пак нивните тела се развиорија, нејзе како да ѝ се слоши, како да ѝ се сврти во умот и побара да излезе на терасата, на воздух, да земе здив, да се одмори.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Италијанецот или се налути, или му се слоши, стана, тргна кон вратата и при тоа ги забра чашите и чинијата од масата, ги бувна на под и излезе надвор.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Пота му ја виде окрвавената глава од што му се чинеше дека ќе му се слоши, дека ќе се онесвести.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ми се слоши, мислев дека ме изрешета, главата ми прсна од притисок, а богами и страв.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Да речеме, нешто му се слошило или жандари го потиснале, што станува со нас? Една глупава смрт, и ништо - живна Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Мртовецот сметаше дека таа долго ќе му трае.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Вистина, првата ноќ, кога веќе се беше вратил во гробот, му се слоши.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мене просто ми се слоши една година, поточно една есен, кога на Водно видов еден ваш врсник со воздушна пушка и со десетина отепани птици.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
ФЕЗЛИЕВ: Ви се молам една чиста крпа, госпоѓо. На нашиов пријател му се слоши. Јас ќе земам... (Излегува во кујната.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ќе ми се слоши ако продолжам да мислам. Но вистина е, вистина: си мислев нешто чудно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Почувствував страв, ми се причини дека прелесно влегува во играва.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)