Санката, на која татко му со трчање скоро го влечеше, се слизгаше меко и го радуваше.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Но еве таа ја врти главата и го пренесува својот поглед и својата усмевка на мене, ме опфаќа сиот да не знам просто што да правам дури се слизга тој поглед по мојата скромна појава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Трети бора на Трибор први го поздравија со своите подароци, а росата што беше на нив пополека се слизгаше од гранка на гранка за да слезе по стебло дури до корен и се скрие на жилите на борот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наизлегуваа на чистината, шест издолжени црнки, зашарија неспокојно по таа искричава белина, задушкаа во сите нејзини катчиња, одминувајќи лесно, како да се слизгаат по неа, а за сето време доаѓајќи сѐ поблиску до неговиот прозорец.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)